ВМРО-ДПМНЕ: Луј Витон судството на Заев е синоним за неправда

Луј Витон судството на Заев е синоним за неправда и политичко наместо правни процеси.

Шверцери, насилници, заканувачи, рекетари, локални шерифи, измамници и разни криминалци се заштитени од судот и власта затоа што се функционери на СДСМ. Граѓаните ги гледаат физичките пресметки и загрозувањето на безбедноста, а несигурноста и стравот се секојдневие.

Што се треба да направат функционерите на СДСМ за да добијат соодветна пресуда или против нив да се превземат соодветни постапки пред институциите?

Заев лажеше пред очите на граѓаните дека осудува секаков вид на насилство, дека нема да се има никаква толеранција кон физичкото насилство. Курто Дудуш е последниот доказ колку вреди зборот на Заев. Заев исто така велеше дека ќе му побара оставка на Дудуш, но од оставката остана смешната судска опомена којашто ја доби од Луј Витон судството.

Да се потсетиме дека градоначалникот Дудуш велеше дека членската книшка од СДСМ ќе биде како втора лична карта, дури и за на лекар. И двата случаи за физичко насилство на градоначалникот, власта прво се обиде да ги заташка, а сега гледаме како судството на Заев го спасува од одговорност насилникот од СДСМ.

Марјанче Стојановски, градоначалникот на Демир Хисар, се закануваше и заплашуваше во училница наставници и родители, но и покрај признавање на делото, од Луј Витон судството на Заев и за него нема никаква одговорност.

Боро Стојчев, градоначалникот на Ново Село, за шверцот на цигари преку граница и пукањето кон полицијата, Луј Витон судството на Заев му пресуди само 6 месеци.

Заев се колнеше во правдата и реформираното судство пред меѓународната заедница, а на дело се неговите криминални вредности. Ако си близок на Заеви можеш да тепаш, да бидеш насилник, криминалец, напаѓач, да шверцуваш, да се изживуваш со граѓаните и ќе добиеш полициска и судска заштита.

Правдата е недостижна со оваа власт, а судството е лакрдија.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер