Бредли Купер е во врска со новата девојка на ,,Џејмс Бонд”

Минатиот јуни, Бредли Купер (45) раскина со руската манекенка Ирина Шајк (34) со која има двегодишна ќерка Леу Де Син.

Но ,откако Бредли и 31-годишната Ана де Армас беа видени како ручаат во хотел во Беверли Хилс на почетокот на јануари, „Дејли Меил“ пишува за нова холивудска романса.

Иако Купер и де Армас соработуваа во 2016 година додека го снимаа филмот „Воени кучиња“, многумина се надеваат дека актерот и новата девојка на Бонд наскоро може да потврдат дека се повеќе од пријатели.

Патем, сексипилната шпанско-кубанска актерка има зад себе пропаднат брак со шпанскиот колега и модел Марк Клотит, а за  Бредли се зборуваше дека е во врска со пејачката Лејди Гага минатата година, но подоцна се покажа дека тоа е само добра маркетинг стратегија за промовирање на нивниот филм „Ѕвездата е родена “.

притисни ентер