ПСЖ на Мбапе му нуди договор од соништата , но со ,,анти Мадрид” клаузула

Иако Килијан Мбапе има договор со PSG до јуни 2022 година, шпекулациите продолжуваат за неговиот трансфер во Реал.

Во Мадрид сонуваат да го доведат најдобриот млад играч на светот, а дури и неодамна Зинедин Зидан, кој не е навикнат јавно да зборува за играчите што би ги донел, зборуваше за тоа.

"Тоа е играчот кој неси одлука за својата иднина. Во моментот тој игра за PSG, но ќе видиме во иднина што ќе биде. Знам дека тој секогаш велел дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид еден ден", изјави Зидан пред неколку месеци пред натпреварот во Лигата на шампионите со Галатасарај.

Младиот фудбалер сè уште одбива да зборува за плановите за иднина, но во Франција има приказна дека PSG подготви спектакуларен договор и понуда што најдобриот млад играч на светот нема да може да ја одбие.

АС пренесува дека француските медиуми пишуваат оти PSG сака на својата sвезда да и понуди петгодишен договор вреден 185 милиони евра, без придружни бонуси за индивидуален и клупски успех.

Сепак, францускиот шампион наводно вметнал клаузула „анти Мадрид“, што би значело дека наредните пет години Флорентино Перез нема да има шанса да го донесе играчот по кого копнее. Оваа клаузула би можела да биде камен на сопнување во преговорите меѓу парискиот клуб и Мбапе, бидејќи Французинот е познато дека сонува да го носи кралскиот дрес.

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите.

Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија.

Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“.

Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и „МСД“, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

Сега е покрената финалната фаза на трите испитувања, кои ги предводи Универзитетската колеџ болница во Лондон (UCLH).

Д-р Хедер Шо, координатор на испитувањето, рече дека вакцината има потенцијал да излечи луѓе со меланом и дека се тестира за други видови на рак.

Новата вакцина има за цел да го поттикне имунолошкиот систем да се бори со специфичен тип на рак.

притисни ентер