Синдикатот на Клинички центар го поддржува најавениот протест на административниот и помошно-техничкиот персонал - Канал 5

Синдикатот на Клинички центар го поддржува најавениот протест на административниот и помошно-техничкиот персонал

Синдикатот на Клинички центар соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал, што е најавен за утре пред Министерството за здравство.

Синдикатот на Клинички центар го поддржува најавениот протест на административниот и помошно-техничкиот персонал

Протест во организација на координативното тело на здравствената администрација.

Синдикатот на Клинички центар на седница на Советот одржана на 10 минатиот месец донесе одлука да се потпише анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25 отсто, докторите со наставно звање за 20 отсто, докторите по општа медицина 15 отсто, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10 отсто и здравствените соработници за пет отсто, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година, истакнуваат од Синдикатот и посочуваат дека и тогаш се изјасниле оти не се задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не е вклучен во ова зголемување.

Во таа насока, наведуваат од Синдикатот на Клинички центар, поради идентичните барања и заедничката цел заедно со Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и координативното тело на здравствената администрација имавме повеќе средби со министерот за здравство на кое ги истакнавме нашите барања за зголемување на платите на административниот и помошно-техничкиот персонал и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество и администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас за неколку секунди.

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС, предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000.

Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со магнитуда од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Спасувачките служби на терен се тркаат со времето за да ги пребаруваат урнатините на неколку срушени станбени згради за преживеани. Главниот меѓународен аеродром во Венецуела е целосно затворен за сообраќај поради сериозни штети на инфраструктурата предизвикани од последователните удари.

„Ѕидот пукна, работи паѓаа“

Очевидци го опишаа стравот додека зградите околу нив пукаа и се тресеа, а луѓето врескајќи трчаа по улиците. Пред трговски центар во Каракас, луѓето беа во шок.

„Скалите се одвоија, целиот ѕид пукна. Работи паѓаа од таванот. Беше ужасно“, изјави за АФП 54-годишниот банкарски службеник Одалис Ескалона.

„Чекавме да помине, а потоа се стрчавме по ескалатор“, рече 52-годишната Зенија Гонзалез, која ја тешеше тинејџерката што плачеше. „Моравме да чекаме бидејќи се тресеше премногу. Потраја долго време“, додаде таа.

Се слушаа панични крици додека луѓето бегаа од зградата.

Во близина, жителка на Ла Кастелана, Марија Ромеро, брзо избега од својот стан. „Се тресеше многу и звучеше како длабок татнеж“, рече 48-годишната инженерка.

Катастрофа во време на национален празник

Претседателката Родригез изрази сочувство до жртвите и нивните семејства, но во своето прво обраќање до јавноста не го прецизираше точниот број на загинати.

Геолошкиот завод на САД (USGS) веќе издаде драматично предупредување, наведувајќи дека се очекува исклучително голем број човечки жртви и огромна материјална штета и дека „катастрофата се чини дека е од широки размери“.

Ситуацијата беше дополнително влошена од фактот дека Венецуела славеше национален празник. Земјотресите ја погодија земјата во 18:04 часот по локално време, што значи дека во времето на ударот, огромното мнозинство граѓани биле во своите домови со своите семејства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека оваа влада, за три пати помало задолжување.

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри.

„Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги цензурирате коментарите на социјалните медиуми, во ред е што ви поставуваат нарачани прашања, а на тие коишто се објективни не одговарате од партиската говорница, но овдека ќе мора да ги слушнете вистинските факти и бројки, а тие се следни: кога веќе зборувате за јавниот долг, имате какви-такви економисти околу вас, ќе ви дадат одговор што значи зголемување на јавен долг, но истовремено што значи зголемување на номинален БДП. Јас ќе се обидам да ви објаснам. Време на СДСМ, 1-ви јануари 2018-та година до 31 декември 2023 година, јавниот долг од 4,78 милијарди евра, зголемен на 8,47 милијарди евра или нето износ 3,69 милијарди евра. Влада на ВМРО-ДПМНЕ којашто јас ја предводам за две години, еве како што вие велите од 9 милијарди 619... нека се 11 милијарди евра како што вие велите, тоа е 1,381, односно 1 милијарда и 381 милион, отприлика некаде 2,8 – 3 пати помалку од тоа што вие сте ја задолжиле“, истакна Мицкоски.

Тој исто така додаде дека и покрај огромното задолжување и периодот од 6 години, владата на СДСМ успеала номиналниот БДП да го покачи за 4,52 милијарди долари, а оваа влада со три пати помало задолжување, го зголемила номиналниот БДП за 4,66 милијарди долари.

„Номиналниот БДП, влада на СДСМ од 11,34 милијарди на 15,86 милијарди или 4,52 милијарди долари, не го зборувам ова јас, го зборува ММФ. Влада, оваа која што јас ја предводам, номиналниот БДП од 16,95 милијарди долари на 21,61 милијарди долари, не го велам јас, тоа го вели ММФ, или 4,66 милијарди. Што би значело ова? Вие сте ја задолжиле државата со 3,69 милијарди евра, а сте успеале номиналниот БДП да го покачете за 4,52 милијарди долари. Ние, оваа влада успеала да го зголеми долгот за 1,381 милијарди евра, а го зголемила номиналниот БДП за 4,66 милијарди долари или за цели 140 милиони долари повеќе за две години отколку вие за 6 години, а притоа јавниот долг е зголемен речиси три пати помалку од тоа што вие сте го правеле за тие 6 години“, истакна Мицкоски и додаде:

„За три пати помало задолжување за три пати пократок период, за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри“, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски.

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

„Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија“, рече Филипче.

Претходно, тој го оспори тврдењето на премиерот дека економските показатели се добри, прашувајќи зошто тоа не го чувствуваат граѓаните.

„Премиере, ако е стварно така како што кажувате, па зошто луѓето не го осеќаат тоа? Ако стварно бројките се така добри, ако стварно добро и домаќински се задолжувате помалку и остварувате поголем раст, зошто нема зголемување на платите? Зошто нема раст на платите во образованието? Зошто нема во социјалната? Зошто нема во здравството?“, праша Филипче.

Тој додаде дека, доколку јавните финансии се толку успешни како што тврди Владата, тогаш треба да има и повисоки примања за работниците.

„Зошто нема минимална плата од 600 евра, ако така добро ги терате и ги водите финансиите?“, рече Филипче.

Реалноста е сосема поинаква од изјавите на Мицкоски кој ги лаже граѓаните.

„Вистината е дека тоа што го говорите не е вистина. Тоа е суштината. Дека сме презадолжени, дека парите одат за партиски тендери и дека граѓаните немаат никаков бенефит од тоа како ја водите економијата во државата“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на, како што рече, последиците од актуелните политики врз европската перспектива на државата.

„Со вас, Христијан Мицкоски, ние сме на губитничката страна на историјата и ќе останеме заглавени... ќе бидеме слепо црево како што сме сега во Европа и во светот, изложени на странски влијанија на трети земји и ќе биде под ризик и иднината на земјата и иднината на младите коишто живеат тука“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер