БМВ под истрага на американските регулатори - Канал 5

БМВ под истрага на американските регулатори

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) започна истрага против германскиот производител на луксузни автомобили БМВ за сомнителни продажни практики кои лажно го прикажале бројот на продадени автомобили, јавуваат американските медиуми.

БМВ под истрага на американските регулатори

Според „Вол Стрит Џурнал“ (WSJ), SEC ги разгледува комерцијалните практики на BMW во САД за да утврди дали компанијата, со помош на овластени дилери, барала лажно да се подобри бројот на продадени автомобили.

Американските регулатори се сомневаат дека БМВ ги надувува бројките за продажба со помош на дилерите. Дилерите понекогаш купуваат возила од сопствени фондови и ги користат за позајмување. Производителите често нудат бонуси за такви набавки за подобрување на бројот на продадени автомобили.

„Тоа е фиктивна продажба затоа што производот навистина не се продава“, изјавил анонимен продавач според извештајот на веб-страницата на автомобилската индустрија Automotive News.

„„ SEC не контактираше и ние целосно ќе соработуваме во нивната истрага“, изјави портпаролот на WSJ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од Македонија

Македонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.

Изненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од Македонија

Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85

Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот.

Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени.

По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029.

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта.

„Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал.

Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот.

„Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот.

Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки.

„Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал.

Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“  биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка.

Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот.

„Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој.

Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ

Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .

Денеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ

Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка.

Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони.

Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.

-Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер