3Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
МакедонијаДимитров песимист за иднината на македонско- бугарската комисијаПрвиот човек на бугарскиот тим од заедничката комисија за историски и образовни прашања не е оптимист околу иднината на комисијата.Ангел Димитров во интервју за „БНТ“ посочува дека во последниот период имало зголемена напнатост на релација Скопје- Софија, дека досега не биле постигнати некои позначајни усогласувања освен ако не се смета одлуката за празнувањето на Кирил и Методиј, а особено што по последната средба немало согласност околу Гоце Делчев. Тој повтори дека останува на ставот за личноста на Гоце Делчев и потенцира дека историската вистина била важна за Бугарија. -Работата на комитетот беше еднострано прекината со аргументот дека треба да се усогласат со претстојните предвремени избори, кои се за 4 месеци. Тие едноставно одбиваат да се запознаат повеќе и да разговараат. Останува прашањето дали комисијата ќе ја продолжи работата во мај. Овој аргумент ми е исто така изненадувачки, затоа што колегите секогаш велеа дека работат без политички притисок, дека сè околу нив е мирно. И сега се испоставува дека работата на комисијата е внатрешно-политички проблем за нашиот млад сосед, вели Димитров. Иако изјави дека комисијата не се занимава со јазичните прашања , односно са спорењето на македонскиот јазик, Димитров сепак се впушти во своевдна анализа според која современиот македонски јазик бил комбинација од две-три месни наречја со како што вели позајмени букви од српското писмо. - Вистината е дека во 1944-1945 година две комисии се состануваат за да реконструираат, врз основа на 2-3 локални наречја, една нова јазична конструкција. Изработен е нов систем на пишување што позајмува многу српски букви. Целта на овој комитет е да го разликува јазикот од литературниот бугарски јазик. Некои членови на комисијата се спротивставуваат. Ова е она што го создава она што се нарекува денешен македонски јазик, изјави Димитров. Всушност добрососедските односи меѓу Скопје и Софија се повторно на тест особено по последниот став на Бугарската академија која не го признава македонскиот јазик. Неодамна и првиот човек на македонскиот тим експерти во заедничката комисија Драги Георгиев, оцени дека добрососедските односи но и работата на заедничката комисија се доведени во апсурдна ситуација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години. Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен. Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак. Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година. Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците. Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг? Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство? Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат? Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ. Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации. Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредениИ третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите. Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници. Albanian police are now beating high school students in the streets of Tirana, as anti-government protests by young people spread to other cities, from Elbasan to Vlora. An Assembly session scheduled for today was cancelled. [Video: Osman Stafa] https://t.co/CnKoL0VFo7 — Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) October 15, 2026 Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана. Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама. Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања. Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата. Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата. Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции. Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат. Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter