По 10 парични награди дневно, преку наградната игра МОЈДДВ, моја награда

Од недела по 10 парични награди секој ден, преку наградната игра МОЈДДВ, моја награда.

Но, најпрво граѓаните кои скенираат фискални, треба да ја апдејтираат апликацијата МОЈДДВ, потоа да го впишат пинкодот, па на екранот ќе се отвори прозорче на кое треба да се кликне „учествувам.“

Па така од недела, штом скенира фискална, корисникот веднаш ќе биде известен дали е добитник на награда од илјада, две или три илјади денари. Доколку не е - фискалната сметка ќе добие свој сериски број кој ќе учествува во извлекувањето за месечните награди од по сто илјади денари. А, првото извлекување ќе биде на 4ти јануари догодина.

-Сите скенирани сметки од 15ти до 31ви декември учествуваат во извлекувањето на 4ти јануари. Сите сметки од 1ви од 31ви јануари припаѓаат во коло 2 и во март. Сите дати се објавени, вели Нина Ангеловска, министер за финансии.

Секој сериски број припаѓа на одредено коло и при главни награди прво добитно коло од 1 до 12 па потоа сериски број кој припаѓа на соодветно коло кое е добитник на 50 илјади евра.

Ќе има и две главни премии од по 3 милиони денари. Извлекувањето на месечните и главните награди ќе се одвива во живо во Државната лотарија.

-Во месечните извлекувања, ќе учествуваат сите валидни скенирани сметки од претходен календарски месец кои не биле добитни во претходниот месец. Извлекувања ќе се реализираат по електронски пат, со електронски генератор на случајни броеви а ќе се извлекуваат сериски броеви на фискалните сметки,изјави Камелија Левенска, директор за комуникации и маркетинг на Државна лотарија.

За наградната игра која ќе трае една година, одвоени се половина милион евра.

Инаку во тек е исплатата на повратот за граѓаните кои скенираат фискални. Досега 100 илјади граѓани ги добија своите пари на сметка, а исплатата се уште трае.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер