Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН за негирање на постоењето на македонскиот јазик

 Република Македонија ќе реагира на оценката на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите чекори се направени. Верувам дека тоа мораме да го решиме. Јас не ја знам реакцијата, сега ја слушам од вас. Секако ќе реагираме и преку МНР и ќе ги направиме сите наши коментари откако ќе прочитаме што е самата реакција, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан дали тоа може да значи суспендирање на преговорите со Бугарија, премиерот Заев нагласи дека Договорот со Бугарија е „внимателно испишан од двата народи заради идентитетските прашања" и е потпишан на македонски и на бугарски јазик „согласно уставите на двете држави".

– Таа формулација согласно уставите на државата во самиот договор покажува дека Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот и јас верувам и уште еднаш апелирам ако сме Европејци и ако се залагаме за европска демократија и за европските вредности и права, тоа прашање час поскоро да го надминеме, изјави Заев.

Тој нагласи дека верува оти во периодот што претстои пред нас, многу брзо ќе биде надминато тоа прашање.

– Јас можам така робусно да кажам готово ние тука ќе прекинеме се, но тоа не е политиката што ја водам. Јас сум внимателен политичар низ политиката. Низ пријателство ќе ги најдеме решенијата, но дефинитивно ние сме Македонци кои зборуваме на македонски јазик, најголемиот дел од граѓаните, секако сме мултиетничка земја и на другите етнички заедници кои живеат тука. Очекувам пријателска Бугарија да го надмине ова прашање и да го реши во делокругот на решавањето на оние проблематики што се составен дел на договорот, односно на решавањето на проблемите како што е Гоце Делчев или другите прашања како проблематики што се решаваат, додаде Заев одговарајќи на новинарски прашање по дебата „Патот до членството во НАТО: Од изолирана до интегрирана земја" на Филозофскиот факултет во Скопје.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

Герасимовски: Со видео надзор Општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните

Советот на Општина Центар на 35. Седница го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во Општина Центар да се постави видео надзор, оппштија денеска од Општината.

Како што појаснуваат оттаму, станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски настани, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи, корпи за отпадоци и други согласно законите), заштита на инфраструктурните објекти (улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во надлежност на Општината), заштита на сообраќајни знаци и семафори и друга вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на улична јавна осветлување, броење и евиденција на возила за статистички мерења.

Герасимовски во образложението за дополнувањето на дневниот ред истакнал дека одлуката е преземена и модифицирана од други општини во кои веќе неколку години има поставен видео надзор и каде по поставувањето има намалување на штетите во општината.

-Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината, рекол Герасимовски на седницата.

Општина Центар ги известува граѓаните дека снимките од надзорот ќе може да се користат единствено само по налог на Јавно обвинителство и МВР и дека не постои никаква можност истите да бидат било како злоупотребени.

Целиот процес ќе биде направен со целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, а актите ќе бидат прецизирани со целосно вклучување на Агенцијата за заштита на лични податоци. Видео надзорот ќе биде поставен на видно место и за истиот ќе биде истакнато Известување дека се врши видео надзор од страна на Општината и ЈП ПОЦ.

Општина Центар, се нагласува во денешното соопштение, има за цел да го заштити јавното добро кое треба долгорочно да им служи на сите граѓани во општината, но и да го намали хулиганското однесување, уништувањето на урбаната опрема и детските игралишта. За реализирање на овој проект општината треба да направи ревизија на буџетот.

Фото. Пирс Броснан непрепознатлив, како вистински дедо!!

Холивудскиот актер Пирс Броснан моментално работи на новиот филм „Giant“, а фотографиите од сетот брзо станаа вирални и го обиколија светот. 

Големиот заводник сме навикнати да го гледаме во улогата на Џејмс Бонд, па неговата нова улога во филмот за боксерот Насим Хамед е прилично изненадувачка посебно ако се погледне неговиот изглед.

За потребите на улогата, Пирс изгледа многу постаро, речиси непрепознатливо.

Снимен е во тренерка, а поради шминката многу обожаватели воопшто не верувале дека тоа е Пирс Боснан.

притисни ентер