Промовиран проектот „Ослободи го умот од корупција"

Здружението на граѓани Театар „БОЕМИ" ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.

Проектот „Ослободи го умот од корупција" ќе опфати 30 градови и ќе вклучува 70 претставници во секој град – 35 млади од средните училишта и факултети и 35 претставници на градските институции како судовите, полицијата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја.

Од Здружението „Боеми" информираат дека ќе биде напишана драма и подготвена специјална театарска претстава, ќе се сними и објави документарен филм, ќе се спроведе истражување за подигнување на свеста за корупција и заклучоците ќе бидат објавени во книга – научна студија, а сите 2.100 учесници ќе станат членови на Националното Мрежа за подигнување на свеста за корупција.

– Според извештајот на UNODC, 10,8 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 64 години биле изложени – директно или преку некој член на нивното семејство на искуство за поткуп на јавен службеник а со директно искуство за поткуп, процентот е 6,2 отсто од тие граѓани кои имаат контакт со јавната администрација и со оние кои барем еднаш плаќале мито на секои две месеци и тоа 6,4 отсто во градско и 5,8 отсто во руралните области. Поткупот во форма на пари претставува скоро половина (45 отсто) од сите форми на мито. Речиси една третина од платеното мито (32 отсто), всушност, го нудат самите граѓани, додека во скоро 50 отсто било платено како резултат на барање (https://www.unodc.org), соопштуваат од Здружението „Боеми". /МИА

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер