Во анкетата која е спроведена во периодот помеѓу 2 и 6 декември на 1.121 испитаници е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со јуни и септември, како и рејтингот кај етничките Македонци и Албанци.
Па така, поддршката за СДСМ во јуни изнесувала 19, 5 отсто, во септември 18, 01, додека на почетокот на декември рејтингот на владејачката парија е намален на 17, 5 проценти, покажува истражувањето на ИПИС.
Поддршката на испитаниците за ВМРО-ДПМНЕ за трите месеци е речиси иста и се движи од 21, 02 посто за јуни и септември додека за декември има мало зголемување од 21, 04 проценти.
Слична е и ситуација со рејтингот на ДУИ. Од 4,6 односно 4, 5 проценти во јуни и септември, за овој месец бележи пораст од 4, 9 отсто.
Во однос на спроведената анкета на ИПИС за рејтингот на политичките партии само кај етничките Македонци за последниов месец, ВМРО-ДПМНЕ има моментално највисока поддршка од 28, 01 проценти, додека СДСМ 20, 03 посто.
Етничките Албанци пак најмногу се изјасниле за ДУИ, 20, 6 проценти, додека втора по поддршка е Алијансата за Албанците со 14, 4. СДСМ има рејтинг кај Албанците од 7, 4 проценти, додека ВМРО-ДПМНЕ нула.
Ваквите бројки на ИПИС за министерката Радмила Шекеринска се нерелевантни и не ја одразуваат реалната слика. Таа упати низа критики кон Институтот за пристрасност и блискост со претходната Влада.
Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека ја имаат поддршката од граѓаните и ќе бидат победници на претстојните избори.
Од ИПИС велат дека одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 %.