Камчев: Се советував со пријатели од Бугарија ме советуваа да снимам!

 -Снимав со безбедносните камери и со мојот мобилен телефон, сведочи Јордан Камчев во процесот „Рекет“

Камчев одговори и дека поради тоа што бил во домашен притвор морал се да документира.

-Целата акција јас морав да ја документирам, бев во домашен притвор и немав на кој да пријавам. Да не зборувам како слушнав дури како разговара и со луѓе од МВР. Немав каде да пријавам. Се советував со пријатели од Бугарија ме советуваа да снимам. Се мислев на кого да пријавам, кога сите беа вмешани. Имам познатство со Горан Николовски, тогашен директор на УБК. Пријавено е кај него и евидентирано. Кога ги дадов парите, еден милион евра, уште еднаш пријавив кај Николовски во УБК. Тој ми даде многу добар совет. Да зачувам се, хард дисковите, сите уреди кои сум ги користел за снимање. Снимав со безбедносните камери и со мојот мобилен телефон. Ми рече и дека единствена личност на која може да и верувам е обвинителката Вилма Русковска, одговори бизнисменот Камчев.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер