Граѓани протестираа против извршителите

Граѓаните и денеска трет вторник по ред протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. 

Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.

– Живееме во едно неправедно и неправично општество. Тука се случува еден социјален феномен кој ги донесува луѓето во должничко ропство.Тој социјален феномен е девијантен. Зошто? Затоа што се работи за преголеми долгови кои се виртуелни каде што главниците се многу мали во однос на тоа што нереалното што луѓето го плаќаат. На тој начин луѓето влегуваат во должничко ропство, наместо да евалуираат како човекови битија, да се занимаваат со своето семејство, да живеат за културата, за својот духовен развој, луѓето едноставно плаќаат некакви непостоечки долгови. Оние тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина на камата, таа висина би требало да важи ретроактивно, истакна Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите".

Марјан Ристески, еден од иницијаторите на протестот потенцира дека штом надлежните кажуваат дека сакаат да имат средба со граѓаните кои протестираат, тогаш „нека излезат па да видиме колку се храбри да се соочат со граѓаните, каде само неколку прашања ќе им поставиме".

– Ги гледате како бегаат како ѓавол од крст кога некој ќе им спомне да работат за плата да се вратат во суд, па се жалат дека не можат да преживеат. Самите се контрадикторни. Ако веќе им е намален обемот на работа, ако немаат профит зошто не работат во суд за плата како секој граѓанин. Што е во прашање зошто не се враќаат? Во прашање се парите. Сакаат и понатаму да крадат, понатаму сакаат да одат на егзотични патувања. А овој народ не може да преживее. Бараме ветинг и за извршителите и ревизија на нивната работа, рече Ристески.

Граѓаните порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, и посочуваат дека ќе протестираат додека надлежните не преземаат конкретни мерки./МИА.

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер