СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ со различни толкувања на иницијативата од Уставен суд

Јавноста а ниту политичките експоненти не се смирени по најавите на Уставниот суд за разгледување на иницијативата за уставноста на членот 11 -а од Законот за аболиција.

Трет ден не стивнуваат реакциите по најавата дека Уставниот суд ќе ја преиспитува установста на членот 11-а од Закнот за помилување од 2016-та година, што му овозможи на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да ги поништи помилувањата кој самиот ги даде за 56 лица, меѓу кои поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ обвинети и осомничени во случаите на СЈО.

За дел од претстаниците на правната фела ова прашање мора да има завршница еднаш засекогаш, бидејќи ако се остави така ќе може секогаш да се актуелизира. Поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев за Канал 5 вели доколку Уставниот суд го поништи членот ќе се направи голема штета. Тој е на став дека треба да се бара одговорност од поранешнот претседател Иванов.

Од СДСМ денеска повторно со соопштение ги повикаа од ВМРО - ДПМНЕ нивните пратеници да ја поддржат иницијативата за автентично толкување од Собранието. , но од опозициската партија и денеска без јасен став дали би дале поддршка . За ВМРО-ДПМНЕ повторното актуелзиирање на три години старата иницијатива е политички мотивирана со цел да се покријат актуелните афери.

“ Јасен е и нарачaтелот кој што може да стои зад оваа одлука. Само на политичар кој што е аболициран за тежок криминал, може да му текне да ја злоупотреби аболицијата во овој момент. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести. “

Од СДСМ пак обвинуваат дека зад иницијативата пред Уставниот суд стои ВМРО-ДПМНЕ.

“ За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО правда мора да има. ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани освен режимската ВМРО-ДПМНЕ. Со отворање на постапка пред Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали. “

Со став се огласија и од партијата пензионерите од каде велат дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

За оваа иницијатива Уставниот суд има рок од триесет дена да се произнесе, а веќе во среда ќе се разгледува и иницијативата за преиспитување на Законот за амнестија врз основ на кој беа амнестирани инволвирани лица во упадот во Собранието од 27ми април, меѓу кои се и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

Тенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување (ВИДЕО)

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот .

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот за кого рече дека сексуално ја нападнал во тренинг центар кога била тинејџерка.

Во тужбата, поднесена од Мекензи во март 2022 година, се наведува дека Анибал Аранда, кој бил вработен во националното раководно тело на спортот околу седум години, а подоцна бил отпуштен, ја искористил својата позиција како тренер за да добие пристап и да ги малтретира ранливите спортистки, јавува АП.

Таа, исто така, тврдеше дека УСТА од небрежност не успеала да ја заштити од сексуален напад и небрежно го задржале Аранда како тренер откако тој сексуално нападнал службеник на УСТА.

Поротата на Окружниот суд на САД вчера ѝ додели на Мекензи 3 милиони долари како компензација и додаде 6 милиони долари за казнена отштета.

Портпаролот на USTA Крис Вајдмаер најави дека синдикатот ќе поднесе жалба на пресудата.

Тој рече дека УСТА е „длабоко вознемирена“ од одлуката, вклучително и затоа што „судот пресуди дека УСТА е одговорен затоа што еден од неговите вработени, кој не е спортист, имал обврска да го пријави сопственото искуство со овој тренер на УСТА, и тоа е инцидент кој бил непознат додека USTA не го отпушти тренерот. Ова поставува нови и неразумни очекувања за жртвите“.

притисни ентер