Напаѓачот во Лондон, кој уби маж и жена, веќе бил во затвор за тероризам (ВИДЕО)

Британските медиуми објавија дека терористот кој вчера уби маж и жена и повреди тројца други на Лондон Бриџ е 28-годишниот Усман Кан.

Би-Би-Си пишува дека тој бил затворен за - тероризам.

И вчерашниот напад се третира како терористички акт.

Кан бил осуден за тероризам во 2012 година и бил во затвор од каде е ослободен во декември 2018 година.Тајмс пишува дека Хан излегол од затвор откако се согласил да носи електронска нараквица преку која би можеле да се следат неговите движења.

Во тек е потрага во просториите каде што живеел Кан. Според досегашните информации, тој сам го извршил вчерашниот напад.

Вчера околу 14 часот, Хан го започна својот крвав поход на мостот во Лондон. Тој ги прободел луѓето со нож, а еден човек и една жена починале од повредите. Уште тројца завршија во болница. Кан беше запрен од граѓаните додека пристигна полицијата, по што беше застрелан.

Лондон Бриџ веќе беше сцена на напад на 3 јуни 2017 година кога загинаа осум лица и повеќе беа повредени. Најновиот инцидент следува откако терористичката закана во Велика Британија беше намалена од „сериозна“ на „значајна“ на 4 ноември, што значи дека нападите се „веројатни“ и не се повеќе „многу веројатни“.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер