Отворен зелениот покрив на ГТЦ

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) на кој се засадени 3.656 дрвја од преку 60 видови беше отворен денеска по неколкумесечна работа на Градот Скопје заедно со ГТЦ во рамки на меморандумот за соработка со УНДП за отпорен град.

– Конечно го ставивме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор кој полека ќе си го заземе своето место во т.н. „скопски приказни", тука ќе се раѓаат убави спомени за нашите сограѓани, рече денеска на отворањето на покривот, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој вели дека според истражувањата што ги направиле, температурата на покривот ќе биде меѓу 16 и 22 степени помала од тоа што вообичаено била.

Во однос на кафетеријата што требаше да се изгради на покривот на ГТЦ, Шилегов посочи дека поради предизвиканите контраверзии работеле по проектот што бил усвоен, но управувањето со нов деловен простор е работа на ГТЦ.

– Управувањето со нов квалитет евентуален на нов деловен простор е работа на ГТЦ и оди по законски прописи. Ако ГТЦ одлучи да постави таков тип на дополнителна вредност на овој кров тоа ќе биде веќе нивна проблематика и ќе оди во рамките на деловното работење на самиот трговски центар. Вкусови се во прашање, рече Шилегов.

Тој рече дека сумата за зелениот покрив од околу 550.000 евра не е надмината, а во таа цена надвор од зеленилото се вклучени и градежните и излолациските работи, додавајќи дека на инсистирања на јавноста се направила адаптација на самиот проект.

Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан рече дека иницијативата за изградба на овој зелен покрив не била само за да креираат убаво зелено место, туку имала широко значење односно анализата на жешките урбани острови покажала дека ГТЦ е едно од најжешките локации во Скопје./МИА.

Хонда „се сели“ на друг континент- вложуваат милијарди во фабрика во Канада

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor денеска објави дека сака да изгради фабрика за електрични возила (EV) во Канада и е подготвен да инвестира 11 милијарди американски долари во овој проект.

Honda започнала преговори со канадските власти за добивање субвенции за проектот во Онтарио, пренесува агенцијата Kyodo.

Вистинската инвестиција на Honda во создавањето на синџир за снабдување со електрични возила во Канада се очекува да биде од 60 до 70 отсто од вкупната сума, бидејќи и добавувачите на материјали ќе ги поделат трошоците.

Хонда планира да започне со производство во новата фабрика за електрични возила, која ќе биде втора од ваков вид во Северна Америка, во 2028 година.

Јапонската компанија моментално ја реконструира својата постоечка фабрика во Охајо во Соединетите Американски Држави со цел таму да произведува исклучиво електрични автомобили од 2025 година.

Бебе загина во страшното торнадо, што ја опустоши Оклахома (ВИДЕО)

Според последните информации, најмалку пет лица, меѓу кои и едно дете (4), загинале во серијата разорни торнада што минатиот викенд ги погодија централните делови на САД.

Како што јави Би-Би-Си, четири лица загинале во Оклахома, додека едно го загубило животот во Ајова.

Силното невреме што започнало во петокот предизвикало значителна материјална штета, а десетици илјади луѓе останаа без струја. Вонредна состојба е прогласена во повеќе од 12 окрузи во Оклахома. Во сојузните држави Небраска и Ајова биле регистрирани дури 70 торнада.

Националната метеоролошка служба потврди дека прелиминарните податоци покажале дека некои од торнадата имале брзина на ветер до 136 милји на час (околу 218 километри на час). Невремето се проширило од Тексас до Мисури и за само неколку часа наврнале околу 18 сантиметри дожд на метар квадратен, пренесе АФП.

На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од штетите на кои се гледаат уништени куќи и превртени автомобили. Службите за итни случаи во Оклахома регистрирале најмалку сто повредени лица на кои им била потребна медицинска помош.

„Ќе се вратиме, ќе ги исчистиме урнатините, ќе изградиме куќи и ќе продолжиме напред“, рече претседателот на Домот на Оклахома, Чарлс Мекол.

Гувернерот на Оклахома Кевин Сит изјави дека во неколку градови е предизвикана најголемата штета што ја видел во последните шест години откако е на чело на државата.

"Видов како доаѓа големо торнадо. Имав доволно време само да ги засолнам децата и сопругата. Сè беше уништено. Населбата не постои. Им помагавме на затрупаните да излезат од урнатините - рече Брент Ричардсон, еден од жителите на Омаха.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со гувернерот на Оклахома и понуди федерална помош за најранливите области.

Пендаровски: Пред вас има две опции, едната што продолжува напред, другата да ве врати назад

Во овие пет години се трудев да бидам коректив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува, порача денеска од Желино, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“ порача Пендаровски.

Пендаровски изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес.

Пред граѓаните Пендаровски побара поддршка во вориот круг, за да продолжи државата по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија,се наведува во соопштението од неговиот тим.

притисни ентер