Судење „Монструм": Еден од родителите повторно побара Заев да биде повикан како сведок

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за „Монструм", а случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Еден од родителите на убиените денеска на продолжението на судењето за за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм" повторно повика премиерот Зоран Заев да биде повикан како сведок и Судот да ја обезбеди снимката од Собрание каде Заев, одговарајќи на пратенички прашања, зборува за убиството кај Смилковско.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за „Монструм", а случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Родителот на еден од убиените инсистираше Заев да биде донесен додека е на функција премиер и да каже се што знае и посочи дека премиерот во Собранието Заев некаде во февруари кажал многу важни работи.

Судијата истакна дека кога ќе дојде време за тоа ќе биде побарана снимката и Заев ќе биде повикан како сведок, тогаш кога ќе се сослушуваат сведоците.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека Заев ќе биде повикан, истакнувајќи дека без оглед на неговата моментална професија тој мора да ја зборува вистината, а ако не ја зборува ќе сноси последици.

Родителот меѓу другото ги праша судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, кои го водат случајот, што ќе биде со него доколку тие бидат избрени во Апелацискиот суд, за каде конкурирале.

-Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски, рече родителот.

Минатото рочиште беше одложено поради смртен случај на еден од поротниците. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Мицкоски: Очекувам ДУИ да прави изборни нерегуларности, истураат многу кеш во предизборието

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската унија за интеграција, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. 

Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде што во определен временски интервал, гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности. Односно, да бидам попрецизен, полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно но вистинито, фингер принт, односно терминалите за отчитување на отисок од прстот, не работеле во тој период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали очекува ДУИ повторно во вториот круг претседателски и прв парламентарни избори да прави изборни нерегуларности.

Додаде дека очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дека за тоа е информирано и министерството за внатрешни работи со цел на определените избирачки места да го зголеми бројот на безбедносните сили.

„Го информирав и министерството за внатрешни работи да ги засили своите сили таму, припадниците на МВР да вршат мониторинг на процесот на гласање во тие избирачки места. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Сарај, Липково, Арачиново и така натаму. Треба македонската јавност и граѓаните на Македонија, дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално, под притисок и со мерки и средства кои што се недозволени во демократијата, ги добива гласовите. Така што, слободно можете оној резултат од првиот круг на Европеецот Османи да го поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на Демократската унија за интеграција која што повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Најпрвин со епската манипулација и повикување на 2001, а паралелно со тоа местење тендери и втората е преку притисок, закани, уцени и поткуп“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш.

„Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, истакна Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт, соопштуваат од неговиот Кабинет.

Нова Алтернатива: За нас единствена опција е да имаме системски силна и економски јака држава

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9. 

Во изминатите две години покажавме дека и покрај сите напади, безкомпромисно се бориме против секој што работи спротивно на интересот на граѓаните и државата.

Затоа неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името, а спротивно на желбите и интересот на сите нас кои живееме во Македонија.

Истото се случува и сега, едните отворено кажуваат дека ќе го сменат Уставот повторно, а другите срамежливо велат дека не се против измени во Устав но тоа да имало одложена примена по влезот на Македонија во Европската Унија.

Ниe од Нова Алтернатива јасно и категорично кажуваме НЕ, нема да прифатиме ниту да гласаме за промена на Уставот. Ставот е дециден, нема никогаш да поддржиме асиметричен договор каде Македонија е потценета страна, тоа не смее никогаш да се прифати.

Нашиот став е непроменлив, за разлика од тоа што можете да видите кај голем дел од политичарите кои секојдневно ги менуваат нивните изјави во јавноста согласно потребите, за да се додворат кон меѓународната заедница или кон своите потенцијални коалициски партнери.

За нас единствена опција е да имаме системски силна и економски јака држава. Кај нас континуирано луѓето се наоѓаат во една траорна состојба затоа што се на раб на сиромаштијата, состојба која корумпираните политичари ја искористуваат со својата реторика единствено во избори.

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

притисни ентер