Работилница: Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Конрад Аденауер денеска одржа работилницата чиј лајт мотив е Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието на Република Македонија.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска истакна дека се продлабочува соработката на Унијата на жени со меѓународните организации.

-Историски успех за Унијата на жени е полноправното членство во организацијата на ЕПП која ни ги Ширум ни ги отвора вратите за меѓународна соработка. Изразив благодарност за средбата со претседателката на организицијата на жени при ЕПП во Собранието, конструктивниот разговор и огромната поддршка од страна на претседателката на организацијата на жени, вели таа.

ВМРО-ДПМНЕ ја продлабочува соработката со Конрад Аденауер, во наредниот период соработката ќе се прошири на ниво на Извршен комитет на Унијата на жени и претседателките на Општинските комитети на Унијатата на жени, додаде претседателката на Унијата на жени.

После победата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ласовска ќе се отворат вратите за квалитетни и успешни жени во извршната власт, а што поголем број на жени во политиката толку поздраво и подемократско ќе биде нашето општество.

Денес на настанот на работилницата за Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието на Република Македонија, се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Осoбено ме радува што овој проект и соработка се одвива под покровителство на нашите партнери а тоа е десничарскиот институт Конрад Аденауер и со срдечна помош и иницијаторство на Јоханес Рeи чија активност е за вреднување и поздравување", додаде Мицкоски.

Мицкоски појасни дека дебатата за улогата на жените во политиката преставува чекор напред во долгогодишната борба за нејзините права и позиции кои доживуваат унапредување. Оваа дебата особено значење наоѓа на Балканот место каде рушењето на стереотипи и предрасуди е насушно потребно но и регионот каде се забележува значеен напредок споредено со годините нананазад.

„Конзервативизмот не е кочничар на позитивните процеси туку иницијатор на зачувувањето на традиционалните морални вредности и доблести. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја признава и вреднува улогата на жената, која е значаен фундамент во сестраниот развој на општеството, но и од нашата историја. Ќе потсетам дека Македонската жена е активен чинител на сите историски настани и борби на нашиот народ, било да е периодот на славниот Илинден чиј код го носи ВМРО, или народно ослободителна борба", рече Мицкоски.

Мицкоски при своето обраќање појасни дека без било какви пречки жените денес се дел од секојдненото функционирање на партијата, пратеничката група е само еден од сегментите, тука е и функционирањето во рамките на Извршниот Комитет, Централниот Комитет и Комисиите кои секојдневно работат во ВМРО-ДПМНЕ. Стереотипите се тие кои треба да се рушат.

„И ве уверувам дека особено внимание ќе посветувам откако ќе ја превземеме одговорноста да управуваме со државата жените да се активен чинител во обновата која треба да ја донесеме Да имаме жени министри, директорки, раководители на институции. Родовата еднаквост не е само бројка туку начин на дејствување", потцрта Мицкоски.

Мицкоски додаде дека последниот случај со вознемирување на вработени припаднички на МВР покажува дека власта паѓа на тестот за заштита на женските права. И ова е еден од малкуте случаи за кој се говори јавно. Тоа покажува дека како држава мора да се работи многу повеќе.

„Ќе потсетам, ВМРО-ДПМНЕ е првата голема политичка партија и која предложи жена за претседател на државата. Госпоѓата Гордана Силјаноска Дафкова е исклучителна личност со силен карактер и интегритет, со што докажавме дека ВМРО-ДПМНЕ го признава значењето и улогата на жената во општеството. Така ќе продолжиме и во иднина. Ви посакувам успешна работа и очекувам силен ангажман и отворање на дискусија чиј краен производ ќе придонесе за посилна улога на жените во општеството", потсети Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивал

Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.

Како што информира Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, во центарот на Кичевската чаршија, на Центарот за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот, како што се наведува, е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

- Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на Домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој, се вели во соопштението.

Во март 2024 година во Скопје се реализираше мурал на зградата која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Од ФРУ - Скопје посочуваат дека тоа побудило позитивни чувства и резултирало со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите.

- Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување, се наведува во соопштението.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода. /МИА

Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован

 Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и  Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован.

Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, на лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и митрополитот Јован.

- Во Корчанската митрополија бев на традиционалната посета по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство. На средбата меѓу другото се договоривме за заедничка богослужба во црквата во Пустец на митрополитите Петар и Јован, информираше Стерјовски за МИА.

Од негово и од име на партијата и Македонците, тој упатил честитка и до сите верници кои го слават празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа, благосостојба.

- Исто така, со корчанскиот митрополит Јован разговаравме и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје „Света Марина“ во Туминец, каде со благослов на митрополитот Јован и донации на Македонците од Канада е изградена камбанарија, што на манастирот му недостигаше, рече тој.

На средбата Стерјовски бил придружуван од Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец. /МИА

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

притисни ентер