Потпишани договори за финансиска поддршка со ЕУ грантови за земјоделски задруги

Денеска се потпишаа 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги.

Финансиската поддршка од Европската Унија е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделски задруги и конкурентноста на земјоделството.

„Вкупниот износ на поддршка на овие земјоделски задруги изнесува 891.357 евра, што е само еден дел од поддршката на Европската Унија за земјоделството. Со овие средства и со кофинансирањето од страна на земјоделските задруги, вкупните нивни инвестиции ќе достигнат скоро 1,3 милиони евра " – изјави Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија. Тој ги презентира и другите активности на Европската Унија во земјоделството.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски рече дека земјоделските задруги се важен дел од земјоделството, поради што Министерството го поддржува нивниот развој преку низа мерки, вклучително со нов Закон за задруги, кој е во постапка на донесување, софтвер за нивна евиденција и мерки за поддршка на земјоделските задруги.

„Земјоделците здружени се поконкурентни на пазарот, отколку ако настапат индивидуално. Преку земјоделските задруги, земјоделците можат поефикасно да го организираат производството, порационално да ги користат ресурсите, да бидат помоќни во деловните преговори и поконкурентни на пазарот. Земјоделството е еден од двигателите на македонската економија и затоа секоја наша мерка е насочена кон создавање на поволни услови за развој на овој сектор, меѓу кои се и мерките за поддршка на земјоделските задруги" – истакна Министерот.

Според Менде Ивановски, претседател на Македонската асоцијација за земјоделски задруги, ова е конкретен поттик за заживување на задругарството, кој во иднина треба да биде надополнет и со друга институционална поддршка.

Претставниците на проектот наведоа дека на финансиската поддршка претходеше техничка поддршка за подготовка на деловни планови на земјоделските задруги, додека иницијативите за формирање нови земјоделски задруги добија правна помош околу нивното формирање и регистрација.

Средствата за реализација на оваа поддршка се обезбедени во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги", финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер