Дендиас следната недела во Скопје, Грција еден од потписниците на иницијативата за почеток на преговори во март 2020

Шефот на грчката дипломатија непосредно пред посетата на Скопје ја повтори позицијата на Грција – поддршка за проширувањето на ЕУ, бидејќи „тоа е во интерес и на Европа и во интерес на Грција".

Во Скопје во вторник пристигнува шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во интервју за грчкото радио „Реал фм" истакна дека не е сигурен дека „ние можеме да ја одведеме француската политика до промена," но нагласи дека сигурно ќе се обидат и оти прават повеќе од она што можат.

Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис на 26 ноември пристигнуваат во земјава, а портпаролот на грчкото МНР Александрос Гениматас посочи дека една од темите за кои ќе се разговара е и дополнителен развој на економски односи.

Шефот на грчката дипломатија непосредно пред посетата на Скопје ја повтори позицијата на Грција – поддршка за проширувањето на ЕУ, бидејќи „тоа е во интерес и на Европа и во интерес на Грција".

Тој веќе имаше средба со Никола Димитров во Брисел, а следната недела во посета на Атина пристигнува холандскиот министер за надворешни работи. Холандија беше една од трите земји кои рекоа „не", а Дендиас изјави дека планира да замине и за Копенхаген, но планира и средба со Французите.

– Со Ле Дријан се видов завчера на состанокот на НАТО. Во рамките на нашите можности, правиме повеќе од она што можеме, рече вчера Дендиас.

Поддршката за отпочнување преговори со Македонија и Албанија во март следната година се зголемува. Вкупно 15 земји-членки на Унијата го ставија својот потпис на писмото, кое минатата недела беше испратени до Европската Комисија, во кое се бара почеток на преговорите за двете земји во март 2020. Писмото првично беше пратено од шест земји-членки, а потоа кон нив се придружија уште девет други земјите од Унијата.

Меѓу потписничките е и Грција, а останатите се Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија.

Во писмото се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Земјите-членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова прашање. /МИА

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер