Најмногу дожд во Дојран, најмалку Маврово, Прилеп и Крушево

 Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Дојран – 27 литри на метар квадратен и во Струмица -25 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово – 1 литар на метар квадратен и Маврово, Прилеп и Крушево помалку од еден литар.

По 18 литри на метар квадратен наврнале во Гевгелија и Берово, 16 во Куманово, 10 Крива Паланка, седум во Демир Капија, Виница, четири во Скопје Зајчев Рид и два во Охрид.

Утрово најстудено било во Берово каде е измерена температура од 0 степени, а натопло било во, Дојран каде се измерени 13 степени.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини преку целиот ден ќе се задржи со значителна ниска облачност. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно. Температурата ќе достигне 16 степени. 

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО наместо да истражи случаи, чисти зелени површини

ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.


Зоран Заев и Драги Рашковски под сомнителни околности ќе дадат 72 милиони евра на фирма која постои два месеци, а Јовевски и Русковска наместо да го испитаат случајот трчаат по повикот на Заев да собираат хартивчиња.

Во случајот Рекет 2 беа изнесени директни обвиненија дека се рекетирани 11 милиони евра, а Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички на повик на Заев.

Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки.

Во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта, а Русковска и Јовевски наместо да ги бараат организаторите чистат смет по паркови.

Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.

Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.

Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почнува наградната Мој ДДВ #Моја награда учествуваат и фискални на кои нема пресметан ДДВ

Со слоганот „Секоја фискална сметка е важна" од денеска почнува наградната игра Мој ДДВ #Моја награда. Граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ, а кои ќе учествуваат во наградната игра.

Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Наградната игра ќе трае една година до 14 декември 2020 година, а според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе даде резултат во намалување на сивата економија.

– Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3852-те награди во вкупен фонд од половина милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина, рече министерката за финансии на прес-конференција на која го најави стартот на наградната игра.

За учество во наградната игра најпрво граѓаните треба да се регистрирани на системот е-Персонален данок, да се корисници на апликацијата МојДДВ, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество.

Во тек е првата исплата на поврат на ДДВ на граѓаните за месеците јули, август и септември, откако почна наградната игра. 

Ведро и потопло, по котлините магла

Времето во земјава ќе биде ведро, во повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец, а во скопската и полошката котлина има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

притисни ентер