Драма во Белград – полицаец се заклучил во стан и се заканува дека ќе се самоубие (ВИДЕО)

Полицаец , за кого се смета дека е вооружен влегол во стан во Белград од каде се заканува дека ќе се самоубие , пренесуваат српските медиуми.

Според медиумите , мажот на 42 – годишна возраст се заканува дека ќе се самоубие . На местото се три противпожарни екипи , пет полициски возила и итна помош. Српски Телеграф јавува дека претходно полицијата добила дојава за семејсно насилство во станот. Додаваат дека сопругата и синот го напуштиле станот, а тој го зел оружјето и се заклучил.

Тој наводно претходно имал расправија со својата сопруга. Преговарачкиот тим е исто така на теренот.

Телеграф додава дека атмосферата е напната и дека во еден момент полицискиот службеник скокал од еден дел од терасата на друг, извикувајќи дека не сака да види никого.

Во еден момент тој ги фрли појасот и пиштолот преку оградата во дворот.

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче.

Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров" и Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско".

-Избирачкиот процес тече нормално без никакви проблеми и кај болните и изнемоштените, во затворот и во двете установи, информира Томислав Андреев, претседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комсии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Право на глас во овие шест општини имаат над 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Дел од Општина Бутел денеска без вода

 Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Манолев" и „Алпи".

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна мрежа на улицата „Иван Манолев" 167.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот.

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), како што изјави на утринската прес конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, гласаат 8.843 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат и затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), како што изјави на утринската прес конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, гласаат 8.843 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласањето е започнато и во 13 казнено-поправни установи, каде во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Се изјаснуваат 357 лица во 17 старски домови. Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од КОВИД – 19.

Согласно Изборниот законик и упатството донесено од ДИК, граѓаните своите гласачки ливчиња треба да ги обележат со заокружување на редниот број на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Ниту еден друг знак не смее да биде ставен на гласачкото ливче бидејќи во таков случај, гласачкото ливче ќе се смета за неважечко.

Со цел граѓаните да можат да ја известуваат ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес ДИК активен е бесплатниот телефонски број 0800-555-44. За комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор активен е телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комунициираат со ДИК. За сите останати граѓани на располагање е и веб страната на ДИК www.sec.mk, како и Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија синоќа соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, од пријавени 759.

Од вчерашното и денешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето. Истите кутии се користат за денешното гласање на болните и немоќните, а пликоата се отвораат и гласовите ќе се бројат утре заедно со останатите.

Изборите за пратеници во Собранието се одржуваат со задолжителна препорака за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

притисни ентер