Првите Европјани на Месечината ќе стапнат за најмалку осум години

НАСА сака повторно да испрати космонаути на Месечината и размислува за идејата тоа да биде меѓународен потфат , што отвора можност за прв пат по Месечината да се движат ,,неамериканци”.

„Има многу простор на Месечината и нам таму ни требаат сите наши меѓународни партнери“, изјави првиот човек на НАСА, Џим Бриденштајн на неодамнешниот астронаутски светски конгрес.

„Ако се согласиме за придонесот на сите земји“, продолжи тој, „Не гледам причина зошто нашите меѓународни партнери да не одат на Месечината заедно со нас“. Само 12 луѓе во историјата се прошетаа по Месечината и сите беа Американци.

НАСА сега развива вселенско летало (Орион) и мала вселенска станица (Порта) што ќе орбитира околу Месечината. Планот е да се испрати човек на Месечината во 2024 година.

Овој прв чекор сигурно ќе биде само американски, исклучувајќи го техничкиот придонес од Европа во Орион. Само откако ќе се прошири станицата Гејтвеј, не-Американците ќе можат да дојдат на Месечината.

„Апсолутно сакаме да имаме Европејци на Месечината“, вели шефот на Европската вселенска агенција (ЕСА) Јан Вернер.

„Годината 2024 година ќе биде исклучиво американска“, рече тој за АФП. „И не знам за Европејците, можеби 2027 или 2028 година“.

И Јапонија сака да се приклучи на мисијата и „да испрати свои астронаути на Месечината“, изјави претседателот на Јапонската вселенска агенција (Јакса), Хироши Јамакава.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, неколку пати изјави дека САД во врска со оваа програма сакаат да соработуваат само со „слободољубиви земји“.

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Спасовски: Ќе има испитување на работата на судиите, дали работеле за граѓаните или за политички и бизнис интереси

„Ги повикувам чесните да помогнат да се исчистиме од олошот во институциите.“

Се обврзуваме по формирањето на Владата испитување на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе направиме ревизија на 5 проценти од судските пресуди по случаен избор, како суделе, дали државата и граѓаните им биле на прво место или политичките и бизнис интереси. Судија кој не е чесен, ќе мора да бара друга работа. Судија кој држи предмети во фиока мора да биде разрешен. Само така ќе има правда за сите. Сите чесни судии и обвинители повикувам да го поддржат овој процес и да се исчистиме од олошот во институциите", повика Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Лукаревска: Сакаа да се осветат со смрт на 27 април, зошто знаеа дека ја враќаме слободата, дека режимот целосно ќе го поразиме

Влеговме во НАТО, ги отворивме вратите на ЕУ. Има ли погорда земја од нашата?, се обрати вечерва носителката на Изборната единица 2, Сања Лукаревска од трибината во Ѓорче Петров организирана од Коалицијата „Можеме". 

Лукаревска кажа дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години се обврза дека ќе гради мостови и додаде дека граѓаните не смеат да дозволат враќање назад.

„Не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Не смееме да заборавиме како владееше ВМРО-ДПМНЕ. Успеавме да се спасиме, да го урнисаме режимот и да си ја вратиме слободата. Тоа не може да го оспори никој. Денес живееме слободно", се обрати Лукаревска.

„Со години лажеа дека тече мед и млеко, дека сме први на сите листи", рече Лукаревска.

„Сите ние сведоци бевме на медиумски мрак, на корупција, на криминал, на кршење изборен процес со гласачи од Пустец. Успеавме, го срушивме режимот, и потоа сакаа да се осветат со смрт на 27 април", рече Лукаревска.

„Не смееме да се вратиме назад! Не смееме да дозволиме обнова на кинески провизии, на тепани студенти, обнова на медиумски мрак, на рушење наместо на градење. Па и тоа што го градеа почна да се распаѓа", рече Лукаревска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер