Актерот Диме Илиев ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2019

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело  „Петре Прличко" што ја доделува Општина Велес.

Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко"  е востановена во 2006 година, а на Илиев  ќе му биде врачена вечерва во 20 часот во Велешкиот театар. Во негова чест театарот ќе ја изведе најновата претстава „Слуга на двајца господари" во режија на Ненад Витанов.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко" за 2019, Сашо Димоски, денеска на прес-конференција соопшти дека  во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.

Илиев е добитник и на голем број награди, почнувајќи од 1977 кога ја добил Наградата за најдобар млад актер за улогата на Младичот во „Црнила", до наградата Актер на годината во 2015 што му ја додели „Дневник".

Наградата што ќе му биде доделена вечер се состои од  плакета со ликот на Петре Прличко и паричен износ од 500 евра. Општина Велес првично ја доделуваше заедно со Здружението на драмски уметници „Џинот", а во последните неколку години самостојно./МИА

Пожарите и натаму пустошат низ Австралија – Од чад не се гледа операта во Сиднеј (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј го прекри денеска градот , а властите предупредуваа на големи пожари низ источните и јужните региони на земјата, што се шират поради високите температури и силниот ветер.

Втор пат за три дена, Министерството за здравство ги предупреди училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека е малку веројатно дека чадот ќе исчезне во следните неколку дена, бидејќи пожарите продолжуваа да пустошат северно од Сиднеј.

Стотици пожари со недели беснеат долж источниот брег , но појавата на нови во јужна Австралија вчера предизвика евакуација на населението во близина на градот Аделаид.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за 6.000 објекти во опожарената зона на Полуостровот Јорк во Јужна Австралија за да се избегне можноста од појава на пожар на електричните водови.

Државата Викторија се подготвува за за потенцијално катастрофални пожари бидејќи температурите се искачуваат над 40 степени.

Шест лица загинаа, а скоро 600 домови се уништени во пожарите од почетокот на минатиот месец.

Полицијата започна постапка против 54 лица од август за кршење на забраната за палење оган на отворено.

„Само Вистина“ со Александар Пандов и Лидија Димова

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Александар Пандов и Лидија Димова.

- Политичкиот аналитичар Александар Пандов и директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност Лидија Димова во вечерашното издание на „Само вистина“ се согласија дека изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Македонија не смее да ја употребува фразата „бугарски фашистички окупатор“ е популистичка и служи за собирање политички поени во неговата држава Бугарија

- Директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност Лидија Димова верува дека на претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе победи затоа што, како што вели таа не гледа дека во ВМРО-ДПМНЕ има нови имиња, нова агенда, нова порака. За нејзиниот вечерашен соговорник, политичкиот аналитичар Александар Пандов нема дилема дека следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ 

- Јас и’ верувам на Фросина Ременски и не би коментирала дали таа треба да поднесе оставка по отворањето на друга истрага поврзана со случајот „Рекет“, изјави вечерва во „Само вистина“, директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност Лидија Димова. Политичкиот аналитичар Александар Пандов пак нема дилема дека потпретседателката на Собранието треба да поднесе оставка и да одговара затоа што, според него, таа имала преголема моќ во рацете со која можела да влијае на случувањата што претходеа на аферата „Рекет“

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Босанец со чекан нападнал вработена во Пензискиот фонд, ја удрил 36 пати

Вработена во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во босанскиот град Тузла била нападната на работното место , кога маж почнал да ја удара со чекан.

Жената не е критична состојба и по нападот била прегледана на Клиниката за хирургија по што била упатена на ортопедија и неврохирургија, каде е задржана и е во стабилна состојба.

Според босанските медиуми, 71-годишниот Ѓ.В. со чекан ја нападнал вработената Ј.И. на работно место во Тузла по што набргу бил уапсен.

Според неофицијални информации, тој ја удрил 36 пати со чеканот.

„ Напаѓачот без никакво барање или коментар и пришол на вработената на работното место и почнал да ја тепа. И посакуваме на нашата вработена брзо закрепнување и се надеваме дека надлежните институции ќе го казнат овој насилен чин на вистински начин “, се вели во официјалното соопштение на Федералниот институт за пензиско и инвалидско осигурување на БиХ.

Напаѓачот утре ќе биде предаден на обвинителството во Тузла.

притисни ентер