Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за европски прашања

Без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија седницата на Комисијата за европски прашања, министерот Димитров и вицепремиерот Османи ги изложија ставовите по француското „Не“ на македонските преговори.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја бојкотира собраниската дебата посветена на евроинтеграциите по неуспехот на Самитот во Брисел. По неколку минути откако започна седницата, и со кратко обраќање на пратеникот Антонио Милошоски, пратеничката група ја напушти салата. Нивното образложение е дека денешната седница во Комисијата за европски прашања е пародија и провладина забава на која наместо оставки за морална одговорност, има манипулативни изјави.

Одговор пристигна од Димитров – кога земјава имала поголеми шанси за почеток на преговори, владата на ВМРО ДПМНЕ се фокусирала на градење споменици.

Димитров вели дека сепак Владата нема да дигне раце од евроинтегративниот пат. Пред пратениците и амбасадорите меѓу кои беше и францускиот дипломат Тимоние, шефот на македонската дипломатија рече дека со црвеното светло кое го даде Франција на Македонија, е направена неправда и историска грешка и побара Македонија да се оценува одвоено од Албанија...

Пред пратеници говореше и вицепремирто Османи, кој смета дека чувството на изневереност од ЕУ, не смее да не оддалечи од европските вредности.

За разлика од пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ, пораките ги слушнаа осумте независни пратеници од нивната партија кои гласаа за Преспанскиот договор. Тие се сoгласија со власта дека не треба да има разочарувања, туку заеднички да работат за подобри резултати во иднина.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – гол и пет асистенции

Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. 

Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез.

Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на МЛС. На Рохас му „сервираше“ два гола (48, 62), во меѓувреме донесе предност (50), а потоа трипати му испрати асистенција на Луис Суарез (69, 75, 81). Тој стана првиот играч во сезоната со 10 постигнати голови и прв играч во историјата на оваа лига со пет асистенции на еден натпревар.

Голот на Емил Форсберг во седмата минута од судиското надополнување ни малку не го расипа славјето.

Откако се опорави Меси, Интер е незапирлив, води на Истокот по 12 меча со 24 бода, Синсинати има три помалку и меч помалку. Торонто е трет со 19, а Њујорк останува четврти со 17 бодови.

притисни ентер