Адеми на средба со претставници на СОНК

Министерот за образование Арбер Адеми денеска ќе има средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК)

Министерот за образование Арбер Адеми денеска ќе има средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), откако во саботата најави историско покачување на платите во образованието и изрази оптимизам дека нема да дојде до штрајк на наставниците, бидејќи, како што рече Министерството и Владата нудат решенија.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование, а таа доаѓа откако викендов Адеми најави дека во текот на оваа недела ќе ги покани претставниците на СОНК, кои најавија штајк за 11 ноември.

Советот на СОНК в петокот едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование и наука за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година. Претседателот на СОНК Јаким Неделков тогаш на прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што се предвидува за 11 ноември годинава.

СОНК бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку од 1 јануари 2020 година, а исто така предлага и понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување.

Придружни барања што ќе се достават до МОН, како што најави Неделков, се измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава… Неделков смета дека е итно барањето за изготвување и потпишување на колективен договор за високо образование и наука кој би бил со период на имплементација од 1 јануари следната година.

Адеми, пак, во саботата изрази оптимизам дека до штрајк нема да дојде и нагласи дека досега на два пати се веќе зголемени платите и оти било понудено десетпроцентно зголемување на платите во април.

-Следната недела сигурно дека ќе има покана и од наша страна да седнеме заедно, имајќи ги предвид сите параметри и за други реформски процеси за кои има финансиски импликации, верувам дека ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите, рече Адеми во саботата, додавајќи дека нема пазарење туку има конструктивен дијалог и разгледување на сите параметри.

Според него, нема причина ниту, пак, потреба за организирање на штрајк најавувајќи, како што вели, историско покачување на платите во образованието.

Премиерот Зоран Заев викендов во врска со најавениот штрајк во образованието на СОНК, рече дека е лесно да се организира штрајк, но оти верува дека ќе се изнајде решение. Ќе направиме се, додаде тој, да постигнеме договор со СОНК.

-Ние како Влада за 2,5 години веќе два пати ги зголемивме платите. Во 2018 пет отсто, 2019 за пет отсто, кумулативно ако пресметувате доаѓа некаде околу 11 отсто. Понудивме некои решенија од мартовската плата која ќе се исплати за април и тоа е сериозно решение. Сите сакаме тоа до 100, 200 отсто да го зголемиме, но капацитетите мора да бидат разбирливи за сите во државата. Јас апелирам да разговарам да ги гледаме сите детали, рече Заев.

Во основните и средните училишта оваа година наставата почна еден ден подоцна, поради предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите на првиот училишен ден беа на работа без обврски, а оние кои не се приклучија кон штрајкот одржуваа настава. /МИА

САД изразија сочувство за смртта на иранскиот претседател

Соединетите Држави денеска испратија „официјални изрази на сочувство“ за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица во хеликоптерска несреќа, објави Стејт департментот.

„Додека Иран избира нов претседател, ние ја потврдуваме нашата поддршка за иранскиот народ и неговата борба за човекови права и основни слободи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштението.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека нема увид во причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси, додавајќи дека не мора да го гледа поширокото влијание на тој настан врз регионалната безбедност.

„Не можам да шпекулирам што би можело да биде причината“, им рече Остин на новинарите.

Американскиот Стејт департмент додаде дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на поддршката на Иран за тероризмот, ширењето на опасно оружје и унапредувањето на неговата нуклеарна програма.

Италијанската полиција заплени десетици возила на Фиат поради малото знаменце (ФОТО)

Италијанската финансиска полиција запленила десетици Фиат Тополини за кои што тврдат дека го имаат државното знаме.

Станува збор за возила кои всушност се склопуваат во Мароко.

Оваа заплена ја продолжува борбата меѓу италијанската премиерка Џорџија Мелони и производителите на автомобили.

Возилата биле блокирани на пристаништето во Ливорно поради наводно прекршување на таканаречениот закон „Произведено во Италија“, кој веќе го принуди Стелантис, матичната компанија на Фиат, да го преименува својот спортски автомобил „Алфа Ромео Милано“ во „Џуниор“.

Портпаролот на Стелантис ја потврди заплената, за која први објавија италијанските медиуми, вклучително и Ла Република.

Италијанската влада е во расправија со Stellantis околу плановите за намалување на работните места во земјата и префрлање на производството во земји со пониска цена. Минатиот месец, илјадници Италијанци се приклучија на штрајкот во близина на седиштето на производителот на автомобили во Торино во очекување на нов бран отпуштања.

Стелантис вели дека ќе ја отстранат малата налепница со италијанското знаме од автомобилот, која ја додале бидејќи проектот Тополино бил развиен во Торино. Производителот на автомобили негира дека сторил нешто лошо и рече дека секогаш комуницирал транспарентно за земјата во која се произведува Тополино.

Оригиналниот Topolino, италијански за Little Mouse, беше едно од првите масовно произведени возила произведени во Италија во 1930-тите. Се очекува фејслифтираната верзија да излезе во продажба по почетна цена од 9.890 евра.

Производителот на автомобили објави претходно овој месец дека ќе започне со продажба на возила од кинескиот партнер Leapmotor во Европа, како дел од глобалната експанзија, бидејќи се бори да ги намали трошоците за електрични возила.

Причина за падот на хеликоптерот со иранскиот претседател е технички дефект

Причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател е техничка неисправност, објавија иранските државни медиуми.

Тие кусо изјавија дека до несреќата дошло по технички дефект и дека нема индиции за кривично дело, пренесува Вашингтон пост.

Да потсетиме, иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи загинаа вчера во хеликоптерска несреќа. Иранската државна агенција првично ги наведе лошите временски услови во областа како причина за несреќата, поради која хеликоптерот се урнал на самиот врв на планината. После тоа се запалил, а останала само опашката.

притисни ентер