Атансов: СДСМ се грижи за земјоделците, протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше партиски и без земјоделци

Вчерашниот таканаречен протест на земјоделците пред Владата, не беше ништо освен партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ, рече на прес конференција Зoран Атанасов претседател на комисијата за земјоделство на СДСМ.

Тоа ја докажува безидејноста и очајот во која е западната опозициската партија.

На вчерашниот партиски собир, недостасуваа вистински земјоделци. Наместо нив јавноста виде истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци.

Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ.

СДСМ секојдневно преку одговорно и домаќинско работење покажува вистинска грижа за граѓаните.

Аграрните политики се на прав пат. Преку бројни мерки го враќаме достоинството на земјоделците и земјоделието.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вистински се грижи за земјоделците.

195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари кои што директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.

75 милиони денари легнаа на сметките на 1.460 земјоделци за овошните култури предадени во преработувачки капацитети.

Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари за да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.

Со ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови земјоделаки производи.

Со оваа сума, финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство.

Исто така се исплатија и долговите кон земјоделците по основ на неисплатени субвенции од 2014, 2015 и 2016 година кога ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со земјоделците.

Досега Владата предводена од СДСМ за мерките од Програмата за земјоделство и рурален развој исплати над 19,3 милијарди денари или над 314 милиони евра кон земјоделците.

СДСМ го извади земјоделството на прав пат, аграрните реформи даваат резултати и се повеќе пари завршуваат кај земјоделците, рече Атанасов.

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер