СДСМ: Наводниот протест на земјоделците е партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ, вистинските земјоделци изостанаа

Очајот и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние кои оставија многу нерешени проблеми во земјоделието и немаат што да им понудат на земјоделците, на граѓаните,  кулминираше денеска со партискиот протест пред Владата.

На наводниот „протест" на земјоделците, освен партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ речиси изостанаа вистинските земјоделци, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Протестот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои глумеа незадоволни земјоделци е лажен исто како што е лажно се во оваа безидејна партија посветена единствено на обнова на режимот.

Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ. Од друга страна гледаме дека продолжува потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ со години наназад.

За само две и пол години СДСМ и Владата која ја предводи, покрај што ги исплати наследените заостанати долгови кон земјоделците, паралелно се работеше и се реализираа бројни проекти преку кои парите се враќаат назад кај земјоделците, трошоците се намалуваат, субвенциите навремено и неселективно се исплаќаат ,а со тоа расте животниот стандард на земјоделецот.

Во консултација со сточарите, се донесе одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари, со цел да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.

Во два дена се исплатија вкупно 195 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.

Се реши долгогодишниот проблем на лозарите, со исплата на наследените долгови кон лозарите што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон нив за предаденото грозје во 2014 и 2016 година во вредност од над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Претходно, се исплатија 9 милиони евра за основната субвенција за одржување на лозови насади и над 1 милион евра легнаа на сметките на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.

За овошните култури предадени во преработувачки капацитети се исплатени 75 милиони денари на 1.460 земјоделци.Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи.

Се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм.

Со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство.

Задоволни земјоделци немаат причина за протести, обидот на ВМРО-ДПМНЕ за постигнување и реализација на посакуваното сценарио не им успеа ни денеска,а нема ни да им успее некогаш.

Наместо, лаги и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ нека понудат вистинска програма и мерки, затоа што со ова само си потврдуваат дека имаат единствено програма за обновата на режимот, реагираат од СДСМ.

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер