Пожар пустоши низ Калифорнија – горат и првите куќи во близина на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Големите пожари што веќе два дена пустошат во Калифорнија, се приближуваат и до првите куќи во Лос Анџелес , а веќе изгореа десетици во Кенјон Каунти. 

Десетици илјади станбени и семејни објекти се загрозени во овој регион , северно од Л.А.

Силниот ветар бргу го шири пожарот што принуди евакуацијата на повеќе од четириесет илјади жители од областа. Иако ветерот денеска е нешто послаб, локалните власти ги предупредија жителите да не се водат според временските услови, бидејќи метеоролозите најавија дека ќе продолжи да се засилува по затишјето и навреме да се евакуираат .

Ширењето на пожарот е поттикнато и од релативно високите температури кои достигнуваат 32 Целзиусови степени.

Минатата година во истиот период во пожарите загинаа најмалку 85 лица.

Овој пожар избувна во четвртокот попладне во близина на градот Санта Кларита и зафати околу четири илјади хектари.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер