Сакал да запали легло на лебарки, па го дигнал дворот во воздух (ВИДЕО)

Бразилец си го разнесе тревникот во својот двор во обид да запали легло на лебарки.

Кога во петокот забележал леглото на лебарки во неговата градина, Цезар Шмиц решил да го запали, но тој никако немал намера да си го уништи дворот. Сцената е снимена од безбедносна камера, а на видеото се гледа експлозија која го преплашила Цезар, но и неговите миленици.

За среќа, никој не е повреден во инцидентот. 48-годишен возач на камион од Енеас Маркес во јужен Бразил изјави за „Фокус он њуз“ дека неговата сопруга се пожалила дека нивната градина е полна со лебарки.

„Таа се плаши од нив и ме замоли да го уништам гнездото под земјата еднаш засекогаш“, рече тој. Открил дека прво користел отровен спреј за да ги убие , но само предизвикал лебарките да излезат на површината. Во тој момент, тој станал очаен и почнал да размислува за друго решение и решил да ја наполни дупката со бензин и внатрe да фрли запалка.

притисни ентер