Самостојната изложба на академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов " Тектонски пореметувања"

Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово.

Неодамна во "Културно - Информативниот Центар на Мекедонија" во Софија Р. Бугарија беше отворена самостојната изложба на академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата од Куманово со наслов " Тектонски пореметувања" на која се поставени 64 уметнички слики од најновиот опус на Арсовски.

Овој проект е дел од годишната програма за 2019 година на Министерството за култура на нашата држава. Изложбата во Софија ќе биде поставена до крајот на месец октомври а влезот за посетителите е бесплатен.

По успешното претставување на најновото ликовно творештво на Арсовски во Србија и тоа во Белград во престижната "Галерија Белградска тврдина на Калемегдан", "Домот на културата" во Књажевац и "Галеријата за современи уметности" во културниот град Кучево, проекти за кои тој конкурираше самостојно и индивидуално на конкурсите за 2019 година кои беа јавно објавени од овие Национални Установи, беше избран од страна на нивното стручно уметничко жири да биде дел од годишната програма за 2019 година.

За разлика од претходните проекти овој пат со оваа изложба Арсовски ја претставува нашата држава и современата македонска уметност во бугарската престолнина Софија под покровителство на нашето Министерство за култура која е дел од годишната програма за 2019 година.

Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година и Магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока „Сликарство“ во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Работи во Национална установа центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Досега има реализирано 11 самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер