Преку функционална анализа до подобри капацитети на МЗШВ

„Целта на Функционалната анализа е да се помогне во подобрување, усогласување и  управување  со можностите и предизвиците поврзани со агендата на секторот за пристапувањето кон ЕУ“.

Проценките се секогаш потребни доколку сакаме да ги подобриме капацитетите на институциите, а во таа насока е и Функционалната анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) што е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Светска банка (СБ). По денешното добивање препораки од СБ, чија цел е да се пренесат најдобрите европски практики во функционирањето на институциите, МЗШВ како што најави ресорниот министер Трајан Димковски ќе започне со нивното спроведување.

– Функционалната анализа е идентификувана како приоритет на МЗШВ, а нејзина основна цел е да ја зајакне и подобри ефективноста и ефикасноста на секторите во Министерството, како и услугите што ги дава за да бидат навремени и подобри за земјоделците и за сите граѓани. Свесни сме дека секторот треба значително да ги подобри своите перформанси, осбено во делот на градење и јакнење на капацитетот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски во поздравниот говор на отворањето на настанот.

Тој истакна дека Владата во изминатие две и пол години посветено работи на развојот на земјоделскиот сектор согласно стандардите и регулативите на ЕУ.

– Целта на Функционалната анализа е да се помогне во подобрување, усогласување и управување со можностите и предизвиците поврзани со агендата на секторот за пристапувањето кон ЕУ, како и да се утврадат главните проблеми во организацијата и функционирањето на МЗШВ кои влијаат на ефикасно функционирање на секторите и да се предложат конкретни мерки за подобрување на перформансите за обуката, потенцира Димковски.

Тој посочи дека МЗШВ е меѓу првите министерства што иницира функционална анализа за воведување промени во својата внатрешна структура и перформансите на процесите. Анализата, додаде Димковски, првенствено се фокусира на Министерството и на специјализираните органи како што се Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија, Дирекцијата за семе и саден материјал, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини посочи дека зејоделството и руралниот развој се многу битни за Унијата, но и тука во земјава, не само заради важноста што ја имаат во креирањето на БДП, туку и за да се задржат луѓето во руралните средини.

– Работиме за да се подобри вработеноста во руралните средини и да се задржат младите луѓе. Присутни сме во многу сектори во земјоделството тука, но ни треба да работиме со моторот, а тоа е МЗШВ. Функционалната анализа е во таа насока. Добра поента на денешната студија е дека се базира на трилатерална координација – ЕУ, СБ и Владата на РМ, рече Бертолини и додаде дека имаат одлична соработка со МЗШВ.

Силвана Маури од СБ посочи дека соработката со актуелниот, но и со поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство била одлична и потенцира дека трипартитното партнерство меѓу ЕУ, СБ и Владата ќе продолжи и во иднина.

– Промените се секогаш потребни кога сакаме да ги подобриме капацитетите на институциите. Секторот земјоделство е важен во економијата на земјата и во него ќе се пренесат најдобрите парктики од другите земји, рече Маури и посочи дека уште многу треба да се направи за да се подобри функционалноста на МЗШВ.

Како што истакна Деметрис Псалтропулос, експертот за земјоделски политики од Светска банка, со функционалната анализа се одредува мандатот на МЗШВ и неговата визија и стратегија.

Финансиската анализа, посочи, има пет цели од кои првата е преглед на мандатот и политиката на МЗШВ и проценка дали целите на политиките се јасно дефинирани и усогласени со потребите на секторот. Втората е проценка дали статегиските цели се мерливи и достижни и соодветни за претпристапниот процес, третата проценка на процесот на донесување одлуки и координација на политиката, четвртата проценка дали политиките се поврзани со финансиските ресурси и дали се следат и оценуваат. Петтата, како што кажа, се препораки како да се подобри процесот на формулирање на политиките и стратегииите и управувањето со нив./МИА

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер