Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Митре Велјаноски и Ѓулистана Марковска

Почитувани дами и господа, лидерски се нижат избори се ближат а вистината се крие некаде меѓу нив. 

Затоа со нашите вечерашни гости, поранешните пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Митре Велјаноски и Ѓулистана Марковска ќе ги батаме одговорите на отврените прашања. Сите се за ЕУ ама не и за избори. Големите договараат малите чекаат на милоста на првите. Кој се плаши а кој трие раце? Кој ќе триумфира на 12 април? Кој ќе победи а кој ќе прави влада?

Делчев не го даваат, јазикот не го признаваат ама бдеат за влез на Македонија во ЕУ. За партиите нема дилема дека е време да се „покажат заби“. Каква одбрана смисли тандемот Заев-Мицкоски за следната рунда со Бугарија?

Таман помисливме дека почнува неделата за раслет на „Рекет“. странските медиуми ја дозаплеткаа мрежата. После Јовановски, Милевски и Јанева удрија по Заев и Русковска. Кој ќе ја добие последната сет, меч топка? За сите отворени прашања вистината ќе ја бараме само и ексклузивно на Канал 5. Вечерва во 18:30 со Митре Велјаноски и Ѓулистана Марковска во „Само вистина“

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер