Фото: Карлеуша ги покажа бујните гради и порача дека е божица

Познато е колку многу време и пари Јелена Карлеуша вложува во стајлингот.  Таа често знае да ја изненади јавноста со некоја комбинација.

Овој пат, изборот паднал на бело долго здолниште кое совршено ги истакнува нозете и струкот на Јелена. Карлеуша исто така има и сребрен горен дел кој наликува на градник, искомбиниран со сребрени чизми.

-Во љубов со својата внатрешна божица, напиша Карлеуша во описот на фотографијата на која искусно позира во моќна поза потпрена на ѕид.

At peace with my inner Goddess

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Нов црн рекорд во Србија: Регистрирани 7999 новозаразени, починале 48 лица

Во последните 24 часа во Србија се забележани 7999 нови сличаи на заразени со коронавирус од 22837 тестирани.

Од последиците на вируосот починале 48 лица.

Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирусо во еден ден од почетокот на пандемијата во Србија.

Инаку, на седница во Владата на Србија во четврток би требало да бидат потврдени нови рестриктивни мерки кои ги предложил Кризниот штаб.

ДЗС: Најголем број слободни работни места во услужните дејности и продажба

Во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала стапка од 0.17 % бележат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.44 отсто.

Податоците на ДЗС Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.11 проценти.

Децата на Марадона во битка за неговото наследство

На повидок е класична латино сапуница со многу епизоди, патетитка и немилосрдно сплеткарење околу богатството на Марадона што се цени на 75 милиони долари.

Во војната се впуштаат пет признати деца на Марадона но и шест чии мајки тврдат дека се од тајните врски со аргентинецот.

Специјализирани портали што се занимаваат со парите на славните тврдат дека марадона има потрошено над 500 милиони долари но дека сепак остава прилично добра сума.

Истите медиуими тврдат дека најагресивни во приграбувањето на парите ке бидат трите признати кекрки Далма, Џанина и Јана.

притисни ентер