Џонсон испрати барање за ново одложување на „Брегзит“

Соочен со последниот неуспех, британскиот премиер Борис Џонсон побара ново одложување на Брегзит.

Информацијата ја потврди првиот човек на европскиот совет, Доналд Туск, кој го примил непотпишаното барање за ново пролонгирање, откако вчера британскиот парламент го одложи гласањето за Брегзит.

Дополнителна конфузија создаде веста дека веднаш по првото, Џонсон испратил и второ писмо во кое напишал дека одложувањето на Брегзит би било грешка. Ќе почнеме консултации со лидерите на унијата за натамошните чекори, напиша Туск на Твитер, по телефонскиот разговор со Џонсон. Британските пратеници вчера со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го изгласа амандманот на пратеникот Оливер Летвин, со кој се пролонгира гласањето за договорот за Брегзит, што Џонсон во четвртокот го усогласи со ЕУ. Со амандманот на Летвин се обезбедува Џонсон да не може да спроведе Брегзит без договор на 31 октомври.

Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк

Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика!

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8-ми мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачуваат во видео обраќање до целата прогресивна јавност Фатмир Битиќи и Санела Шкријељ кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.

Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

„Македонија е многу повеќе од било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци, Македонци, Срби, Турци, Роми, Власи, Торбеши - на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори. Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат“, порачува во своето обраќање кандидатката за пратеничка, Шкријељ

На крајот од видео обраќањето, потпретседателот на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, Битиќи порачува – „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат - не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина.“

Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.

Најубаво куче на светот е авганистански 'рт што доаѓа од Чиле

 Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански 'рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави" еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии... Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка. /МИА

Ковачки од Берово: 5,5 милиони евра за општината

Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината.

800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари.

800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово.

Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај.

Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

Почитувани граѓани,

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3


притисни ентер