Во кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Титаник 3“ на СЈО

Првообвинетиот во предметот “Титаник 3” Исмет Гури од ДУИ во својата одбрана која ја даде денеска пред Судот тврдеше дека на локалните избори во општина Чаир во 2013-та година не забележал нерегуларности. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Во Украина уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

Украинските безбедносни служби (СБУ) денеска соопштија дека уапсиле две лица осомничени за шпионирање за Русија.

Уапсените се претставувале како механичари, патувале на североистокот на земјата, лоцирале воени позиции и пренесувале информации за бомбардирање во Русија.

Според извештаите, тие имале задача да ги идентификуваат позициите на одбранбените линии на украинската армија во близина на Харков, кој беше цел на руски напади во последните недели.

Тие беа уапсени и обвинети за велепредавство, кривично дело казниво со доживотен затвор. /МИА

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

притисни ентер