Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)
2Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)
МакедонијаНема одлука за датум, ЕУ ќе се наврати на прашањето на пролетЕдинствениот заклучок од Самитот на ЕУ кој завршува денеска во Брисел е дека „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето на проширувањето пред Самитот во Загреб“.Официјалната прес конференција на Туск и Јункер се уште не е одржана, но пред малку информацијата ја потврди канцеларката Меркел. Таа рече дека за проширувањето ќе се разговара за време на хрватското претседавање со Унијата кое е во првата половина на 2020 година. Дотогаш се очекува францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаОбвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала. Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ОЈО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТрагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската Каталонија каде што беше подигнато жолто знаме поради високи бранови, објавија денеска властите.Несреќата се случила во петок кога група од 6 момчиња скокнале во морето од карпите. Тројца од нив успеале сами да стигнат до брегот, додека тројца други биле извлечени од спасувачите. Дванаесетгодишно момче починало на местото на настанот и покрај напорите за реанимација. Две 13-годишници биле однесени во болница каде што починале, соопштија регионалните служби за итни случаи. Претседателот на Каталонија, Салвадор Иља, изјавил дека е „длабоко тажен“. „Во овој момент нема зборови за толку голема болка“, рекол тој на X. Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост. „Не треба да преземате непотребни ризици. Не треба да скокате од карпите под никакви околности“, изјавил градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а 28 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, изјави рускиот гувернер, додавајќи дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи на полуостровот е суспендирана.Одделно, локалните власти во рускиот регион Краснодар соопштија дека во напад со украински беспилотни летала е убиено едно лице на патнички ферибот и е запален нафтен терминал. Фериботската врска преку Керченскиот теснец, кој го дели Крим од регионот Краснодар, е привремено суспендирана. Massive Ukrainian drone attacks on occupied Crimea. Previously, the seaport of Kerch, the industrial zone, and the TPP terminal (a rail transshipment and storage terminal for petroleum products and liquefied natural gas) were hit. pic.twitter.com/WZ0k2WaTOx — Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) June 21, 2026 Дистрибуцијата на гориво е запрена Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската војска погодила складиште за нафта во Керч, град во Крим, и објект за транспорт на нафта во регионот Краснодар. Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи во Крим е суспендирана. „Денес, 21 јуни, почнувајќи од 9:00 часот наутро (6:00 часот по Гринич), продажбата на гориво на бензинските пумпи на Крим е суспендирана за готовински и безготовински плаќања, како и за ваучери наменети за физички и правни лица“, објави Аксјонов. Last night, our long-range sanctions targeted the occupiers’ military logistics, oil industry, and air defense. All of this is a just response to Russia’s brutal attacks against our people. I thank the warriors of the Security Service of Ukraine, the Unmanned Systems Forces, the… pic.twitter.com/90APquETQT — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 21, 2026 „Горивото ќе се дистрибуира само до јавните служби кои го обезбедуваат виталното функционирање и безбедноста на Република Крим“, прецизираше тој. Украинската војска речиси секоја недела ги напаѓа рафинериите, цевководите и складиштата за нафта во Русија, во обид да ја лиши Москва од приходи од продажба, забележа агенцијата Франс Прес.Тагови: Кримм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter