(Видео) Макрон: Нема место за проширување за Македонија и Албанија, Меркел - се уште има место за компромис - Канал 5

(Видео) Макрон: Нема место за проширување за Македонија и Албанија, Меркел - се уште има место за компромис

Реформа на европската унија па потоа преговори, вели францускиот претседател Eмануел Mакрон по средбата со германската канцеларка Aнгела Mеркел во Tулуз.

(Видео) Макрон: Нема место за проширување за Македонија и Албанија, Меркел - се уште има место за компромис

Макрон вели го дели ставот дека Балканот е стратешки важен за Европа, но има прашања кои е неопходно да се решат пред да се отворат преговори со Македонија и Албанија

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите“, изјави Макрон на заедничката прес конференција со Меркел.

Канцеларката Меркел на пресот оставила простор за надеж дека сепак до петок се можни и позитивни сценарија.Таа додала Меркел дека постои уште малку простор до утрешниот самит, Франција и германија да се усогласат за проширувањето

За оние кои разбираат германски, повелете целиот вечерашен прес на Меркел и Макрон

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сузуки подготвува најевтин електричен модел- пристигнува и во Европа (ФОТО)

Suzuki се приклучува на трката за најприфатлив електричен градски автомобил.

Сузуки подготвува најевтин електричен модел- пристигнува и во Европа (ФОТО)

Јапонскиот бренд потврди дека сериската верзија на концептот Vision e-Sky ќе пристигне на европскиот пазар напролет 2027 година. Ова ќе го направи најевтиниот електричен модел во гамата.

Новиот модел, чие име сè уште не е откриено, ќе биде помал од Suzuki Swift. Концептот Vision e-Sky е долг само 3.395 mm, што значи дека ги исполнува јапонските прописи за kei автомобили, најмалата категорија возила во земјата.

Концепт речиси без промени

Според досегашната пракса на Сузуки, серискиот модел нема значително да се разликува од концептот. Се очекуваат само мали промени на браниците и светлата, поставување на класични рачки на вратите и поголеми надворешни ретровизори.

Директорот на Suzuki за Велика Британија, Дејвид Кејтли, во интервју за Autocar, истакна дека брендот има големи надежи за новиот модел.

„Електричниот автомобил од А-сегментот е исклучително важен. За нас тоа е влез во нов пазарен сегмент и многу сум возбуден поради неговиот потенцијал“, рече тој.

Дострел од повеќе од 270 километри

Suzuki сè уште не објави технички податоци за капацитетот на електричниот мотор или батеријата, но концептот Vision e-Sky имаше најавен дострел од респектабилни 270 километри.

Ова би го направило конкурентен со новите градски електрични автомобили како што е Renault Twingo E-Tech, кој според мерењата на WLTP може да помине 263 километри.

Цена под 23.000 евра

Според британските медиуми, новиот електричен градски автомобил на Suzuki треба да чини помалку од 20.000 фунти во Велика Британија, или околу 23.000 евра.

Негови главни конкуренти ќе бидат Renault Twingo E-Tech, додека уште попристапен ќе биде Dacia Spring, чија цена треба да започне од околу 18.800 евра, и производствената верзија на концептот Volkswagen ID.Every1, која треба да чини околу 20.000 евра.

Важен модел за иднината на брендот

Новиот електричен модел ќе игра важна улога и во исполнувањето на сè построгите европски прописи за емисии на CO₂.

Моментално, Suzuki главно се потпира на благи хибриди и plug-in хибриди на европскиот пазар, додека e-Vitara е единствениот целосно електричен модел во понудата. Според најновите информации, јапонскиот бренд планира да претстави уште еден електричен модел до 2029 година, најверојатно во сегментот на кросовери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Шпанија- не било толку жешко од 1961 година

Континентална Шпанија го доживеа најтоплиот почеток на летото откако започнаа да се водат евиденции во 1961 година, потпомогнат од два топлотни бранови што ги кренаа температурите на рекордни нивоа, соопшти националната метеоролошка агенција AEMEТ.

Рекордни температури во Шпанија- не било толку жешко од 1961 година

Просечната температура од 1 јуни до 15 јули беше 24,5 степени Целзиусови, 3,3 степени над просекот од 21,2 степени Целзиусови за референтниот период 1991-2020 година, изјави портпаролот на AEMET, Рубен дел Кампо, за Le Parisien.

Температурите за 14 и 15 јули беа пресметани врз основа на прогнози, а секое „мало отстапување“ од конечните мерења „ќе има занемарливо влијание врз анализата“, додаде тој.

„Речиси секој ден од летото 2026 година досега, температурите беа над просекот низ цела Шпанија“, објави AEMET на социјалната мрежа X. Периодот од 1 јуни до 15 јули оваа година беше за 0,4 степени потопол од истиот период во 2024 година и за еден степен потопол од 2015 година, кои исто така беа исклучително топли години.

Периодот од почетокот на јуни до средината на јули беше обележан со исклучително силен топлотен бран на крајот на јуни, кој ги собори температурните рекорди низ цела Европа, одзеде илјадници животи и го наруши секојдневниот живот на милиони луѓе.

Континентална Шпанија ги забележа своите највисоки просечни дневни и минимални температури за месец јуни од најмалку 1950 година.

Екстремната топлина пристигна невообичаено рано во земја која е на првата линија на климатските промени, иако највисоките температури во Шпанија обично се регистрираат во јули и август.

Затоа е издадено највисоко предупредување за топлина за прв пат за северните региони, особено Кантабрија и Баскија, кои обично се поштедени од најинтензивните топлотни бранови.

Црвен метеоролошки аларм е на сила за оваа среда поради високите температури во делови од Валенсијанската заедница на истокот од земјата и регионот Арагон во северна Шпанија.

Според научниците, климатските промени предизвикани од човекот го продолжуваат времетраењето, зголемувајќи го интензитетот и фреквенцијата на топлотните бранови, кои ја сушат вегетацијата и го зголемуваат ризикот од шумски пожари.

Во еден од нив, кој избувна минатиот четврток во покраината Алмерија во југоисточна Шпанија, животот го загубија 13 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизон нападна старец во национален парк во САД- го катапултира во воздух (Вознемирувачко видео)

Видеотот одф инцидент што се случи пред неколку дена во американскиот Национален парк Јелоустоун брзо стана вирално на интернет.

Бизон нападна старец во национален парк во САД- го катапултира во воздух (Вознемирувачко видео)

Имено, разбеснето животно нападнало постар маж во паркот и го фрлило повеќе од два метра во воздух. Неговото семејство подоцна објави дека мажот во инцидентот добил скршена нога на четири места. Паркот сега објави дека не планираат да го евтанизираат бизонот.

Службениците на паркот Јелоустоун изјавија за американскиот портал TMZ дека нема да се преземат никакви мерки против бизонот што го нападна постариот маж Карл Мекданиел пред неколку дена, што значи дека животното нема да биде евтанизирано, пренесе 24Ур.

65-годишниот маж претрпел повеќекратни фрактури по опасната средба со дивото животно, која посетителите на паркот успеале да ја снимат. Како што неговото семејство изјави за американските медиуми, ногата му била скршена на четири места. Сепак, Мекданиел се опоравува.

Еден од локалните фотографи, Мајк Меклауд, кој бил во близина во времето на несреќата, опишал дека животното било вознемирено некое време пред инцидентот. Според него, бизонот прво нападнал група млади мажи во близина на шатор, а потоа наводно бркал млад пар низ паркот.

Потоа бизонот го насочил вниманието кон дедото и неговиот внук кои оделе во близина на мост. Иако двајцата биле на безбедно растојание од животното, сепак се упатил директно кон нив и го фрлил човекот во воздух.

Меклауд престанал да снима во моментот кога старецот летнал во воздух и веднаш почнал да помага. Неколку посетители на паркот се обиделе да му го одвлечат вниманието на бизонот за да не нападне повторно, додека други повикале брза помош и му помогнале на повредениот човек.

Службата за национални паркови на САД, која управува со бизоните, по инцидентот препорачала луѓето да не се приближуваат кон бизоните и елените поблиску од 23 метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер