Заев – Сасоли: Секоја друга одлука освен преговори ќе биде поттик за регресивни процеси во земјата и регионот

Премиерот Зоран Заев вечерва во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев му изрази благодарност на претседателот на Сасоли за поддршката од ЕП и европратениците кои во огромно мнозинство ја прифатија препораката на Европската Комисија, Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев нагласи дека сѐ уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.

Поинаков исход освен старт на преговори за Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси, рече меѓу другото премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент.

Сасоли го потврди речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Македонија и нагласи дека земјата е успешна приказна за Европската Унија, особено заради начинот на кој се решени прашањата со Грција и Бугарија.

Претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли рече дека со овие пораки тој утре ќе се обрати и во Европскиот Совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Македонија со Европската Унија.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер