Поранешен научник во НАСА тврди дека уште во 70-тите имале докази за живот на Марс

НАСА во 1970-тите нашла докази за вонземски живот , но го занемарила тоа епохално откритите , тврди еден од водечките научници на американаскаста вселенска агенција во тоа време.

Пред повеќе од 40 години, НАСА распореди меѓупланетарни вселенски летала Викинг 1 и Викинг 2 на Марс. Целта беше да се утврди дали има живот на Црвената планета, пишува Индипендент.

Резултатите од експериментот „Етикетирано издание“ (LR), добиени од НАСА во 1976 година, сугерираат дека нешто се случувало на површината на Марс. Гилберт В. Левин, инженер и истражител во НАСА, кој раководел со студијата, неодамна објави статија во која тврди дека во тоа време биле откриени едноставни форми на живот на Марс и дека НАСА го игнорирала откритието.

"На 30 јули 1976 година, ги добивме првите резултати од тестот LR од површината на Марс. Тие беа позитивни. После продолжување на експериментот, нашето вселенско летало собра податоци кои јасно укажуваа дека откривме облик на микробно дишење слично на она што често може да се најде во почвата на Земјата. Мислевме дека го најдовме одговорот на клучното прашање во тоа време “, рече Левин.

Сепак, експериментот LR не успеа да најде органски супстанции кои се физички дел од формата на живот, и на крајот НАСА заклучи дека резултатите потекнуваат од супстанција која само имитирала живот.

По ЛР, НАСА спроведе уште еден експеримент за да утврди дали Марс е соодветно живеалиште за вонземски форми.

Сепак, Левин тврди дека резултатите од 1976 година се јасен доказ за постоење на живот на Марс и смета дека НАСА мора да продолжи да спроведува слични истражувања затоа што животните форми пронајдени на Марс може да го загрозат животот на Земјата.

"Потрагата по форми на вонземски живот е на врвот на приоритетите на НАСА. Нашата држава постави јасна цел да испрати астронаути на Марс. Било какви животни форми што се наоѓаат таму може да бидат закана за нашите астронаути, како и за нас на Земјата по нивното враќање “, додаде тој.

На 13 февруари 2019 година, директорот на НАСА, Џим Бриденстен, потврди дека на Марс можат да бидат откриени микробиолошки форми на живот.

Во својата статија, Левин тврди дека НАСА не спровела друг експеримент што ќе обезбеди различно објаснување за резултатите добиени од ЛР.

"Неверојатен факт е дека немаме докази за да се исклучи можноста од живот на Марс. Покрај тоа, лабораториските студии покажаа дека дури и некои копнени микроорганизми би можеле да преживеат на Марс", рече Левин, повикувајќи ја НАСА да го спроведе истиот експеримент како дел на некои од нивните следни мисии на Марс.

„Новото истражување може да ги потврди резултатите од експериментот што го спроведов пред 40 години и да послужи како водечка sвезда во потрагата по светиот грал на НАСА“, рече тој.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер