Кому ли му треба скандалозната и компромитирана 1 ТВ? Кој емитува програма на „диво“?

Сегашниот Закон за медиуми вели дека секој, со претходно исполнети услови, може да добие дозвола за емитување ТВ програма само на кабелска платформа. Тогаш ,зошто некој сака да „купи“ долгови?

Дека нешто повторно „замирисува“ во сега веќе навидум згаснатата 1ТВ, повеќе е од јасно. Прашањето е само кој , како и зошто сака да ги превземе компаниите БМЈ Медиа Гроуп , фирма која е формален сопственик на 1ТВ, а во која како сопственици се јавуваат таткото на Боки 13, Миле Јовановски, и „сомнителното лице“ Јасна Мандиќ.
Какви се мотивите на некој лик, според денешниот брифинг на УЈП, крајно непознат за јавноста, кој никогаш немал контакт со медиумите?

Секој кој има барем мало искуство во реалниот бизнис, или дополнително во медиумскиот бизнис, сигурно ќе си постави многу прашања.

Зошто некој би презел , со договор кој не е заверен на нотар, две фирми ( БМЈ и 1ТВ ), и притоа ќе ги подмири сиде долгови према УЈП и останатите доверители? Зошто, кога може истото тоа лице да отвори медиум ( читај кабелска ТВ ) без да враќа долгови кои не се баш мали?
Дали можеби тоа лице сака да ги презеде фирмите, да и ги плати сите побарувања на државата и потоа „на раат“ да ги ликвидира фирмите?

Ова е една реална опција која денес се споменува во медиумските кругови, притоа нашата фела додава - сигурно има уште којзнае колку „интересни“ моменти во 1ТВ, кои најдобри би било буквално да се ликвидираат . Ликвидирана фирма - и глава некого нема да боли.
Но можно ли е да постои и потенцијален „нарачател“ на оваа бизнис акробација? Може ли некој од инволвираните лица во оваа мега афера „Рекет“ да сака евентуално да го намали или анулира долгот спрема државата и со тоа да си ја ублажи евентуалната казна ? Се е можно.

Како е можно телевизијата која самата , од страна на Миле Јовановски, започнала стечајна постапка, и која нема жив вработен во просториите кои и досега беа користени, се уште да емитува сигнал и ТВ програма? АВМУ реагира ли на овој „ феномен“? Или МВР ? Значи ли ова дека некој пиратски емитува ТВ програма, односно без дозвола? Во Агенцијата за медиуми , во нивниот регистар се уште фигурираат одговорни лица ( Мандиќ-Ерцеговиќ, Дувњак,Кочишки... ) кои не ја поминале портата на 1ТВ долго време.
Го добивме ли првиот модерен „пират“ кој емитува нелегално ТВ програма, а институциите мува не ги лази?!

За крај, што се случи со новинарските „бардови“ за едни, а „ведети“ за други, кои обилно го величеа ликот и делото на , за нив, највлијателниот медиумски лик, нивниот „сопственик“ - Бојан Јовановски?
Чомовски, Борјан Јовановски, Сашо „Државна Тајна“ Орданоски, Јадранка и Ацо...никој ли уште не ги повикал да ги прашаат дали можеби примале дел од „луј витон“ парите, како плата за нивниот обемен труд во телевизијата на Боки Тредичи?
Не за друго, да и помогнат на Вилма Рускоска да окрие каде завршија останатите 1.2 мил евра, познати како „Рекет“?

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер