Дескоска во Советот на Европа: Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ

Министерката за правда Рената Дескоска се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа која се одржува во организација на француското претседателство.

Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, а министерката Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера“.

“Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите“ – потенцираше министерката Дескоска.

Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудио снимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.

На крајот на своето обраќање, министерката упати порака во Советот на Европа во пресрет на одлуката за отпочнување на преговори со Република Северна Македонија: “Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер