Борбата против сиромаштијата, пред се во раниот развој на децата, приоритет на Владата

Борбата против сиромаштијата и нееднаквоста во општеството е врвен приоритет на Владата и во таа насока е и воведувањето на политики со кои ги враќаме парите кон граѓаните, политики со кои им помагаме на оние на кои им е најпотребна или беа забор

Ова го истакна во обраќањето премиерот Зоран Заев, на денешната регионална конференција за ефективна социјална заштита по повод Меѓународен ден за борба против сиромаштија, на која се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Говорејќи дека приритет останува концептот за еднакво и правдено општество за сите, тој се осврна на политиките со кои граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300 проценти, за зголемената минимална плата, што е изедначена во сите сектори. Благодарение на овие решенија, подвлече Заев, 50 илјади работници од трудоинтензивните индустрии добиваат повисоки плати.

– Работиме на ново покачување на минималната плата. Ако дијалогот заврши вечерва или утре од сабајле, веројатно и утре тоа ќе го објавиме, рече премиерот Заев. Меѓу другото, потсети дека и на 11 илјади стечајци им е излезно во пресрет, а се дава шанса и на постарите за кои е воведна државната социјална пензија.

Конечната цел во борбата против сиромаштијата, истакна премиерот Заев, е никој да не биде запоставен. Благодарение на посветената работа на Министерството за труд и социјална политика, имаме резултат вложување во раниот детски развој и политиките за намалување на детската сиромаштија за да се овозможи еднаква шанса за секое дете.

– Ајде целосно да се посветиме како регион, да ја искористиме енергијата што ја имаме и искуствата и заеднички да создадеме држави на благосостојба на кои сите заедно ќе бидеме горди, повика на конференцијата министерката за труд и социјална политика МИла Царовска. Вложуваме најмногу во децата, нагласи Заев и повтори дека главна цел на социјалната реформа што се прави во изминатите две години е инвестиција во луѓето и темелни општествени промени.

-Последните две години направивме социјална реформа што го менува начинот на кој се грижиме за најсиромашните и поставуваме нов стандард. Денес повеќе од 30 илјади домаќинства добиваат гарантиран приход и повеќе од 22 илјади деца добиваат детски додаток. Поставивме нов стандард во социјалната заштита, за услуги, за извлекување од сиромаштија на децата затоа што не смее да се пренесува сиромаштијата од генерација во генерација. Ќе видите дека и поставеноста на законите за детска и социјална заштита кои беа усвоени средината на годинава, покажуваат дека најголема инвестиција имаме во децата за да можеме тој потенцијал да го оствариме во нашата држава, појасни Царовска.

За Марко Мантованели, претставник од Светска банка за нашата земја и за Косово, круцијално е политиките да ги поддржат ранливиот сектор од пополуацијата. Тоа не се само сиромашните, туку и оние, како што рече, на кои влијаат и шоковите кои се случуваат во здравството и во економијата.

– Политиките треба да бидат мултисекторски и со таргети, бидејќи ресурсите се лимитирани и затоа е важно политиките ефективно да ги досегнат најсиромашните, но и да обезбедат поголем дел од бенефициите за оваа популација, изјави Мантованели.

Патриција Ди Џиовани од УНИЦЕФ истакна дека Владата навистина покажала посветеност во справување со овој предизвик, особено во борбата со сиромаштијата во раниот развој на децата. Упати апел да се фокусираме на акција, како што подвлече, со цел да направиме промени за децата.

На новинарско прашање колку лица ја користат можноста да се пензионираат на 67 години во насока на новиот предлог-закон, Царовска информира дека предлогот доаѓа од група пратеници, а би требало да оди како пакет закони.

– Бројот не е голем за да може да има финансиско оптоварување, но секако на овој начин се дава можност за вработување на млади лица од една страна, а од друга страна во Законот за работни односи се регулира така што работодавачот ќе може да се договори со работникот доколку тој е продуктивен и двајцата имаат интерес и понатаму и после 67 години да продолжи, а тоа ни се случува во многу сектори да има одредени кадри што се бараат, изјави Царовска

На прашањето дали ќе важи само за јавниот сектор, министерката Царовска одговори дека бизнис секторот нема потреба да не го продолжува работниот однос за кој има потреба.

– Јавната администрација со години се обидуваме да ја реформираме и да ја ослободиме. Со ова мислам дека добиваме дополнителна стартна позиција да и младите кои се кадарни и имаат капацитет и квалитет влезат во неа, а оние повозрасните да се пензионираат. Во бизнис секторот доколку компанијата има потреба да ја зголеми продуктивноста со одредено возрасно лице, може да остане во компанијата, појасни таа.

Премиерот Заев дополни дека кога Предлог-законот ќе дојде за мислење во Владата, ќе се направат анализи на колку лица се однесува.

– Законот мора да важи еднакво за сите, не може само за јавната администрација или за приватниот сектор. Никогаш, согласно Уставот, никој не ги ограничува правата на граѓаните, ако работодавачот и работникот се договорат да ја одложат пензијата, Уставот го гарантира правото на слободно одлучување. Но, законските решенија, со сите опции кои Уставот и законите ги овозможуваат е нешто кое дефинитивно ќе отвори нови работни места за младите без разлика дали е во приваниот сектор, но и во мал дел во јавната администрација, додаде Заев.

Прашана колкав е бројот на сиромашни во земјава, Царовска информира дека може да се каже оти 22 проценти со статистиката што ја имаме денеска се сиромашни. Но, тоа се однесува за 2017 година, а податоците се издадени во 2019 година.

– Ние ќе можеме оваа реформа што се имплементираше годинава да ја премериме во 2021 година. Првите индикации кои ги разговараме со Светска банка и УНИЦЕФ за да направиме интерно ад хок мерење ќе може да ги видиме наредната година, изјави Царовска.

Очекуваме, истакна таа, дека апсолутната сиромаштија, ќе успееме да ја сведеме на еден процент, а релативната ќе ја намалиме за два до три проценти.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер