Верверичка украла ореви и ги подготвила за зимница на неверојатно место

Брачна двојка од околината на американскиот град Питсбург не можела да поверува каде завршиле оревите кои мистериозно исчезнале од нивното дрво.

Се изненадиле кога виделе дека вредната верверичка решила да складира доволно ореви за најмалку три зими под хаубата на нивниот џип.

Крис Персиќ изјави за локалната телевизија  КДКА дека неговата сопруга Холи го повикала и му рекла дека автомобилот прави чудни звуци и дека нешто мириса на изгорено. „И реков да го крене капакот и ова е фотографијата што ми ја испрати“, вели Крис.

Повеќе од 200 ореви и трева биле натрупани под капакот на нејзината Киа. Крис ги чистел скоро еден час.

Но, тоа не било сè. Двојката од Френклин Парк го однела автомобилот во продавница за поправка и таму биле откриени еден куп ореви под моторот.

притисни ентер