Бочварски: Штип е на прав пат, градиме брана на Отиња, водоводи и нов стадион

На прав пат е државата, Штип е на прав пат, рече претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип Благој Бочварски, денеска на трибината  на СДСМ „На прав пат", пред Штипјани.

По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики, ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски, додавајќи дека Општина Штип е светол пример како работите успешно се враќаат во колосек и покрај долгогодишната стагнација и потснување на сите развојни потенцијали.

Тој истакна дека пред две години кога станал градоначалник сметката на општината била празана, а денеска работите се многу поинакви.

Кога доаѓавте во Штип, дојдовте по модерен автопат со кој Штип се поврза со Скопје но и со Европа, преку нов влез во градот, осветлен со лед светло, тротоари и урбана опрема. Тука е изграден и новиот кружен тек на булеварот Гоце Делчев, кој го решава сообраќајниот метеж и сообраќајните незгоди пред електротехничкото училиште.

Иградена е нова обиколница и за прв пат по 65 години во Штип се гради мост на реката Брегалница, кој е финансиран со еден милион евра средства на општината.

Во налсебата Сењак во финална фаза е изградбата на детската градинка, која треба да биде готова во декември годинава и на 1600 квадратни метри, ќе прими 200 дечиња, со што Штип ќе стане првиот град кој целосно ќе го реши проблемот со сметување на дечиња во градинките.

Општината само за една година, во само едно јавно претпријатие заштеди 10 милиони денари и со нив ја намали цената на водата за пиење за 10% за Штипјани, а наместо една жалба врба како во Скопје, изграден е водовод во населбата Балканска , кој чини 300 илјади евра, и со кој граѓаните од тој дел на градот за прв пат добиваат чиста и здрава вода за пиење.

Реконструирани и во фаза на градба се 16 километри локални улици и патишта, преку 10 километри водоводи и канализации, инвестирани се над 20 милнои денари во училиштата и градинките.

Изградени се 10 рекреативни зони, а ќе се гради стадион по стандардите на ФИФА 3, со над 5.500 седишта, кој ќе може да ја прими македонската фудбалска репрезентација.

Бочварски со задоволство ја најави реализацијата на сонот на Штипјани изградбата на браната на реката Отиња.

Ова е вистинскиот пат, ова е правиот пат, ние тргнуваме по овој пат и затоа ве повикувам да се приклучите сите заедно со нас на вистинскиот на правилниот пат, за економски раст, за напредок, за интеграција, за повеќе пари кај граѓаните за повисок стандард, продолжуваме напред, рече Бочварски денеска пред многубројните насобрани граѓани во Штип на отворената трибина на СДСМ под мотото ,,На прав пат".

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата.

Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид.

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ.

притисни ентер