Како се живее во Македонија?

Животот во Македонија е скап, а стандардот низок, се жалат граѓаните. 

Канал 5 ги праша како живее просечниот македонски граѓанин, најголемиот дел од нив велат дека едвај месечно сврзуваат крај со крај. Цените на основните производи за живеачка секојдневно растат, велат, а едно македонско семејство не може да се издржува со примања од 200 евра, па дури и ако двајца членови се вработени.

Освен скапиот живот, за граѓаните најгорлив проблем се невработеноста и иселувањето на младите. Според некои податоци од истражувањата на невладините организации дури 53 отсто средношколци и студенти ја напуштиле Македонија, а се зборува дека досега околу 600.000 млади луѓе се отселиле од државата.

Инаку, според последната Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија за месец август на едно четиричлено македонско семејство му биле потребни 32.749,00 денари за покривање на основните месечни потреби. Граѓаните во август најмногу пари потрошиле на исхрана и пијалоци - 13.683 денари, а 10.410 денари им биле потребни за домување. Најмалку пари граѓаните издвојуваат за нивното здравје – само 705 денари, покажуваат податоците.

Лабораторија ИНО ФАБ ЛАБ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Лабораторијата ќе биде место каде што младите средношколци и студенти, кои имаат иновативни идеи и техничко-технолошки аспирации, ќе можат слободно да ја користат иновативната опрема во лабораторијата .

На Технолошко-металуршки факултет во Скопје денеска ќе биде отворена Лабораторијата за производство ИНО ФАБ ЛАБ, основана со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на „Предизвикот за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат" и со поддршка од Амбасадата на САД во државава.

-Лабораторијата ќе биде место каде што младите средношколци и студенти, кои имаат иновативни идеи и техничко-технолошки аспирации, ќе можат слободно да ја користат иновативната опрема во лабораторијата и да добијат менторска поддршка од стручни лица. Клучна цел на формирање вакви лаборатории е поттикнување иновативни идеи и зајакнување на инфраструктурата во земјава каде ќе се тестираат и прототипираат иновативните идеи, најавија од Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ, кое е носител на проектот.

ИНО ТЕХ КЛУБ, во партнерство со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, преку овој проект, во период од една година ќе им овозможи на педесетина креативни средношколци и студенти да се вклучат во работата на конкретни проекти, кои ќе резултираат со развој на најмалку шест прототипови.

На настанот ќе се обратат директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, претседателот на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ, проф. д-р Игор Јорданов, професор д-р Билјана Анѓушева, в.д. декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, како и претставник од Амбасадата на САД.

Украина губи до 100 животи дневно

Украина губи меѓу 50 и 100 животи на истокот од земјата секој ден, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски за време на брифингот со новинарите.

Тој рече дека убиените ја бранеле својата земја

.Зеленски не даде повеќе детали, но се чини дека коментарите се референца за воени загуби и се знак за тоа колку жестоки се борбите на исток.

Руските сили ги засилија своите обиди да заземат градови во источниот регион Донбас, со фокус на градот Северодонецк.

Бројот на загинати во Русија е еднаков на оној во авганистанскиот конфликт.

Украинското министерството за одбрана предвидува дека руските жртви, како што продолжуваат да растат, ќе станат поочигледни за руската јавност, а „јавното незадоволство од војната и подготвеноста да се изрази може да се зголеми“.

Инаку Нов Зеланд испраќа војници во Велика Британија за обука на украински војници премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави дека нејзината земја ќе распореди дополнителни 30 одбранбени сили за да помогнат во обуката на нивните украински колеги.

Манифестација „Денот на свети Кирил",во Рим концерт на тенорот Благој Нацоски

Во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил", денеска (23 мај) во салата „Балдини" во Рим ќе присуствува и ќе има обраќање пред концертот на  реномираниот тенор Благој Нацоски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска и утре (23 и 24 мај), како член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, престојува во Италијанската Република и Светиот Престол по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј.

Костадиновска-Стојчевска, во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил", денеска (23 мај) во салата „Балдини" во Рим ќе присуствува и ќе има обраќање пред концертот на реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д'Агостини. На програмата се дела од: Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев... Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано" на 24 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја" во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати" при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

Костадиновска-Стојчевска како дел од државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а ќе положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. Државно-црковната делегација ќе ја посети базиликата „Сан Клементе", каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, со кој ќе чиноначалствуваат митрополитите г. Пимен и г.Јосиф.

притисни ентер