ЕУ одби викендов да преговара со Британија за Брегзит

Европската Унија го одби барањето на Британија за разговори за Брегзит во текот на овој викенд.

Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“.

Разговорите за планот на Џонсон за ирското гранично прашање нема да се одржат овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај.

Таа додаде дека на Велика Британија ќе и биде дадена „втора шанса во понеделник детално да ги презентира своите предлози“.

„Ако имавме разговори во текот на викендот, ќе изгледаше како вистинско преговарање , а ние сме далеку од тоа“, изјави европски дипломат за „Тајмс“.

Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзитот, потсетува Ројтерс.

„Нов договор или никаков договор - но нема одложување“, напиша Џонсон на Твитер.

Сепак, неговата влада за прв пат вчера призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе бара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер