КАНАЛ 5 ЕКСКЛУЗИВНО - Вести од иднината, 6 Април 2020, започна кампањата за предвремени избори!

Во денешното издание на вестите, погледнете  кои се шефовите на изборни штабови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и првиот ден од судскиот процес против првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Македонија го отвара првото, НУЛТО поглавје со ЕУ !

Денес е Понеделник, 6ти Мај 2020 год.

Одиме веднаш во судницата на Основниот Суд 1, каде е закажано рочиштето на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи за ланскиот прес на кој тој ја навреди геј популацијата, изјавувајќи дека во ИВЗ нема место за „гејци“. Одбраната на Реџепи потенцира дека реисот рекол Егејци , но поради фактот дека пресот бил сечен лепен и монтиран, таа буква не се слушнала. Сулејман Реџепи тврди дека кажал дека „немало место во ИВЗ за Егејци“. Нејасно е дали Реџепи мисли на Е-Гејци, односно интернет хомосексуалци, или пак на нашите сограѓани од егејска Македонија. Дополнително останува да видиме како пак ќе реагираат сега здруженијата на бегалците од Егејска Македонија, дали ќе бидат погодени зошто за нив нема место во ИВЗ?

А Пред судот, додека траеше рочиштето на Сулејман Реџепи, реагираа повеќе невладини организации кои бараа да се забрани користење на зборот геј или гејци, туку јавноста да се врати на користење на терминологијата од 2019 година која беше јавно промовирана од Премиерот на Македонија, или едноставно - само педери

Во Скопје во просториите на МНР , вчера започна првата средба на мешовитата група на ЕУ и Македонија по повод почетокот на преговорите. Се отвараше првото поглавје, кое ни е дадено само на нас а се однесува на поглавјето ПРОТОКОЛ. Имено, ЕУ бара да се вработат високо образувани кадри во Владата , МНР и во кабинетот на Претседателот, кој со 100% сигурност ќе ги препознаваат знамињата на земјите - чии претставници гостуваат во Македонија, како и особено правилното поставување на знамињата, за да се избегне поставувањето на знамињата наопаку

Денес точно на пладне, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги претставија шефовите на изборните штабови за престојните Парламентарни избори закажани за 1ви Мај 2020 год.

Шеф на владејачката коалиција НА ПРАВ ПАТ е Мира Стојчевска позната како Мира Дизел, а прва помошничка и е „пребегнатата“ некогашна вмровка, Силвана Бонева. Двете изјавија дека на прав пат - се лета во нова победа за СДСМ.

Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ,позната како ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, не известија само писмено, без многу помпа, дека тимот на изборниот штаб е познат и проверен, а тоа се: Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски и хонорарниот соработник - Никола Груевски. Изјавија дека ова е тимот кој може да му се спротистави на ПРАВИОТ ПАТ на СДСМ.

Завршуваме со веста која ја возбуди македонската јавност. Имено, најпознатиот македонски јасновидец , Кежо, во Њу Јорк се закити со титулата Светски Јасновидец. Во интервјуто за Фокс Њуз Кежо изјави:
„Се случи една вечер, гледајќи снимка од интервјуто на една наша ѕвезда , Боки Тредичи, да добијам визија како една моја познаничка по име Јоци, поминува во близина на мојата куќа. Решив да прошетам до куќата која се појави во мојата визија , и да, сфатив дека визијата ми била точна.Потоа добив визија дека владејачката партија ќе смисли нов слоган за овие избори, во 2020 год, НА ПРАВ ПАТ, па така уште во Август 2019 јас си направив своја невладина организација и ја именува токму така - НА ПРАВ ПАТ.“

Ова беа вестите за 6ти Април 2020 год.

( текстот е фикција/козерија )

Ен Хатавеј доживеа непријатност во студио, водителот ја спаси (ВИДЕО)

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон.

Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of ​​You, наскоро на Prime Video. Таа ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е заснован на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Ен имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја изнесе книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Одговорот на публиката беше - целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недоволната реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси. Тој рече: „Не, ние тука не читаме“. Таа реченица ја прекина тензијата во студиото, а публиката и Ен се насмеаа.

„Ова е The Tonight Show. Одете кај Стивен Колбер ако сакате да имате луѓе кои читаат книги. Сиромашно. Тука сме на Audible, дали тоа се смета? тој додаде.

Ен беше неверојатно благодарна што Џими ја спаси. Тогаш Џими ѝ рекол на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен одговорила: „Што е книга?

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џими.

„Џими всушност беше одличен домаќин во оваа ситуација“, „Ова е всушност многу паметна шега“, „Фелон целосно ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се дел од коментарите.

Осигурителна компанија треба да плати милионска сума по уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија Chubb се подготвува да ѝ плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во март, објави денеска Wall Street Journal (WSJ).

Весникот наведува дека исплатата на компензацијата се очекува да биде одобрена за неколку недели, пренесе Ројтерс.

Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте за уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурениците 4 милијарди долари, што е рекордна исплата за транспорт.

При уривањето на мостот во Балтимор шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот долг 2,4 километри, поради што се урнала целата структура.

Осигурителната компанија Чаб, заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите во несреќата, најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува WSJ.

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме

Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија.

Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.

По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија.


притисни ентер