Боки -13 на јавна седница ќе ги образложува причините поради кои треба да излезе од Шутка

Денеска  во Апелацискиот суд треба да дојде  првоосомничениот за аферата „Рекет“, Бојан Јовановски.

Тој заедно со својот адвокат на јавна седница ќе ги образложува причините поради кои треба да излезе од Шутка.

Од тројца осомничени за „Рекет“ единствено во домашен притвор е второосмничениот Зоран Милевски – Кичеец кој два пати беше во обвинителството на распит. Јанева и Јовановски се уште не дадоа исказ во обвинителството иако веќе еден дел од истрагата за наводното земање рекет од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, е завршена. Тројцата осомничени се товарат дека зеле 1,5 милион евра од Камчев со ветување дека ќе биде ослободен од обвинение за случајот кој го отвори СЈО „Империја“. Другиот дел од истрагата за невладината организација на Јовановски, Меѓународен сојуз, треба да даде одговори кај завршувале парите кои се давале во овој сојуз кој имаше голема поддршка од актуелната власт. Засега за оваа афера се осомничени само тројца, а меѓу нив нема ниту еден политичар.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер