Средба на претседателот на Собранието, Џафери со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ

Во рамките на официјалната посета на Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора на Република Северна Македонија, во Собранието се одржа средба со претседателот на Собранието,Талат Џафери.

На средбата, според соопштението од Собранието, присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Црна Гора: Лилјана Кузмановска, претседател на Групата и членовите, Благојче Трпевски и Мирсада Емини-Хасани.

Џафери, посакувајќи искрено добредојде на црногорската делегација, ги поздрави топлите и интензивни билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, изразувајќи верба дека истите ќе продолжат со несмалена динамика и во иднина. Истакна дека во билатерален контекст, наш нагласен интерес е интензивирање на политичко безбедносната соработка во НАТО контекстот и пренесувањето на искуствата на Црна Гора на овој план. Претстојат уште 6 ратификации на Пристапниот протокол за кои очекувањата се дека ќе завршат до крајот на годината, а во фаза на очекување сме Советот на Европската унија на претстојниот Самит да додели датум за почеток на преговорите со Унијата. Во соседската и регионалната сфера, претседателот Џафери истакна дека Република Северна Македонија води балансирана и конструктивна добрососедска политика со сите соседи, а како пример за тоа се потпишаните договори со Република Грција и Република Бугарија, со кои се отвори ново поглавје во меѓусебните односи, но и на планот на евроинтеграциските процеси. Изрази голема благодарност за континуираната поддршка на Црна Гора на овој план, и верба дека таа поддршка ќе продолжи и како рамноправни НАТО сојузници и земји - членки на ЕУ.

Во контекст на економската соработка, двајцата соговорници истакнаа дека двете влади треба поинтензивно и пофокусирано да работат на нејзината динамика и содржина, бидејќи тоа е придобивка за граѓаните на двете држави. Треба да се следи примерот на одличната соработка што постои во одбраната, здравството, спортот, јавната управа и земјоделството, бидејќи поголемите инвестиции и добрите економски проекти ќе ја надградат квалитетно целокупната билатерална соработка. Од не помало значење е и одржувањето на редовен политички дијалог на високо ниво, што ќе придонесе кон зацврстување на меѓудржавните односи.

Претседателот на Црна Гора, Ѓукановиќ, со особена почит ја поздрави храброста и политичката смелост да се постигне Преспанскиот договор, свесен за големата жртва што ја направи Република Северна Македонија, но со единствена визија за натамошен просперитет на државата и нејзините граѓани. Честиташе и на успесите во НАТО интеграцијата и ја пренесе подготвеноста на својата држава да ги сподели со Република Северна Македонија искуствата од европската и евроатланската интеграција, исто како што и Црна Гора претходно црпела искуства од Република Хрватска. Укажа дека помошта од соседите на овој план значи многу, особено и поради нашите заеднички цели и интереси, менталитетот на народите, визиите на политичарите и очекувањата на граѓаните. Истакна дека особено по влезот во НАТО, инвестициската клима драстично се подобрила, а перцепцијата за Црна Гора на надворешно - политички и меѓународен план е подигната на многу високо ниво како кон земја НАТО сојузник и потенцијална членка на Европската унија. Во овој контекст, претседателот Ѓукановиќ информираше дека на Црна Гора и преостанува за отворање само уште едно поглавје, по што ќе следи затворање на сите поглавја, со надеж за успешна финализација на процесот до 2025 година.

Соговорниците и делегациите разменија мислења околу парламентарното работење, дијалогот власт - опозиција како клучен императив на демократијата, можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер