Стотици се повредени , а илјадници ги напуштија во паника домовите по земјотресот со јачина од 6,5 степени по Рихтер.
„Дваесет лица го загубија животот во земјотресот“,изјави Агус Вибово, портпарол на агенцијата за управување со катастрофи. „Најмалку сто лица беа повредени, а две илјади се евакуирани“, додаде тој.
Земјотресот оштети голем број згради, вклучувајќи ги универзитетот, мостови и болничките згради и предизвика лизгањето на земјиштето.
Агенцијата претходно објави дека едно лице исчезнало во свлечиште. Една жена е убиена на мотор обидувајќи се да избега, а едно лице почина од срцев удар од стрес.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени со епицентар на 37 км северо-источно од Амбон, во провинцијата Молука, се случи во 8.46 часот по локално време.
Снимките на Амбон, град со околу 400.000, ги прикажуваат куќите со срушени sидови и пукнатини во зградите.
„Нема ризик од цунами“, рече локалниот шеф на Агенцијата за управување со непогоди, Сем Вилар, за Франс Прес.
Индонезија е држава со 17.000 острови и островчиња, формирана со таложење на три големи тектонски плочи (индо-пацифичка, австралиска и евроазиска), се наоѓа на „Патеката на огнот“, област со силна сеизмичка активност.
Активни се повеќе од сто вулкани на индонезиските острови.